Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ниеден гласач во Европа не излегол на избори за да ги отвори границите за милиони нелегални имигранти, порача Ванс од Минхен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ниеден гласач во Европа не излегол на избори за да ги отвори границите за милиони нелегални имигранти, порача Ванс од Минхен
СВЕТ

Ниеден гласач во Европа не излегол на избори за да ги отвори границите за милиони нелегални имигранти, порача Ванс од Минхен

Објавено February 14, 2025 18:54
Сподели
Сподели

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс остро ја критикуваше состојбата со слободата во Европа, при што посебно го издвои Обединетото Кралство.

На денешното обраќање на Минхенскиот безбедносен форум, Ванс укажа на, како што рече, „повлекување на основните слободи“ во некои од земјите кои биле победници во Студената војна, пренесува Скај Њуз.

За жал, кога ја гледам Европа денес, не е секогаш јасно што се случи со некои од победниците на Студената војна. И, можеби најзагрижувачки, го гледам нашето многу драго пријателско Обединето Кралство, каде што отстапувањето од правото на слобода на совест ги доведе во прашање основните слободи на религиозните Британци, изјави Ванс.

Како пример го посочи случајот на Адам Смит-Конор (51), кој во октомври минатата година беше осуден за прекршување на безбедносната зона околу центар за абортуси во Велика Британија. Според Ванс, британската полиција го забележала Смит-Конор, го прашала за што се моли, а тој одговорил дека се моли за своето неродено дете, абортирано пред години.

Во продолжение на својот говор, Ванс се осврна на прашањето за имиграцијата во Европа, при што погрешно го опиша напаѓачот од вчерашниот инцидент во Минхен како азилант. Всушност, осомничениот живее во Минхен од 2016 година, кога пристигнал како малолетник без придружба и поседува дозвола за работа.

Ванс посочи дека Европа „премногу пати ја слушнала оваа ужасна приказна“ и истакна дека се работи за проблем кој загрижува многу граѓани.

Ниеден гласач на овој континент не излегол на избори за да ги отвори границите за милиони нелегални имигранти, оцени Ванс.

Осврнувајќи се на одлуките на европските гласачи, потпретседателот на САД го спомена и Брегзит како клучен момент.

Но, знаете ли за што гласаа луѓето во Англија? Гласаа за Брегзит. И, сакале или не, тоа се случи. Сè повеќе Европејци гласаат за политички лидери кои ветуваат крај на неконтролираниот миграциски бран, рече Ванс.

Тој додаде дека иако се согласува со овие ставови, „не мора сите да мислат како него“.

Џеј Ди Вaнс ја критикуваше посветеноста на Европа за демократија бидејќи рече дека САД се најмногу загрижени за „заканата одвнатре“ на континентот.

Заканата за која најмногу се грижам во однос на Европа не е Русија, не Кина, тоа не е некој друг надворешен актер. Она за што се грижам е заканата одвнатре, повлекувањето на Европа од некои од нејзините најфундаментални вредности, рече Венс во петокот.

Венс како доказ ја истакна одлуката на уставниот суд на Романија за откажување на романската претседателска трка поради сомневање за руско мешање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра?!
Следна Статија Орбан: Трамп повторно ќе ја поврзе Русија со Западот, а ЕУ ќе се распадне ако продолжи како што е сега

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Варуфакис предупредува: EУ полека се распаѓа

Јанис Варуфакис, поранешен грчки министер за економија кој преговараше во име на владата за време на кризата на државниот долг…

January 8, 2025
СВЕТ

Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, на 8 декември тајно ја напуштил земјата, ставајќи крај на своето 24-годишно владеење. Според извештај…

April 18, 2025
СВЕТ

Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул

Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, водечки противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, да биде задржан во притвор,…

March 23, 2025
СВЕТ

Рубио и Маск се скарале во Белата куќа поради кратењата на персоналот

Државниот секретар Марко Рубио и милијардерот-претприемач Илон Маск имале жестока кавга на состанок на кабинетот свикан од Доналд Трамп, дознава…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?