Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина познатиот гинеколог проф. д-р Јован Јуруковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина познатиот гинеколог проф. д-р Јован Јуруковски
ХРОНИКА

Почина познатиот гинеколог проф. д-р Јован Јуруковски

Објавено February 14, 2025 21:39
Сподели
Сподели

Денес се збогуваме со проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер, чие влијание во медицината и образованието ќе остане запаметено.Проф. д-р Јуруковски беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што служеше како продекан и шеф на Катедрата за гинекологија и акушерство. Долги години беше и директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, каде што неговите напори доведоа до воведување на современи медицински стандарди и критериуми. Со својата стручност и визија, тој ги постави темелите за развојот на оваа гранка на медицината во Македонија. Проф. д-р Јуруковски беше автор на многу статии од неговата област, како на домашно така и на интернационално ниво, вклучувајќи и истражувања објавени во Оксфорд, Англија, каде што го поминал дел од своето школување и добил понуда за професорска позиција.

Покрај неговата академска и клиничка кариера, проф. д-р Јуруковски беше основач на ПЗУ Јуруковски, приватна здравствена установа која нуди висококвалитетни гинеколошки и акушерски услуги. Неговата посветеност на медицината и образованието го постави како еден од водечките стручњаци во оваа област.Но, покрај тоа што беше извонреден лекар и професор, тој беше и исклучителен човек – верен пријател, посветен сопруг, грижлив татко и дедо. Со својата добрина, скромност и топлина, остави неизбришливи спомени кај сите што имаа чест да го познаваат.

Останува споменот за еден човек кој несебично го посвети својот живот на медицината и на благосостојбата на другите. Нека почива во мир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русија: Украинците го нападнаа нуклеарниот реактор во Чернобил
Следна Статија Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра?!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Братот на изчезнатата Лидија раскажа сè, ова е вистината за „кумот“

Времето поминува, а случајот паѓа во заборав. Нема ниту трага, ниту глас од 43-годишната скопјанка Лидија Трајковска која од осми…

December 25, 2024
ХРОНИКА

Таткото на Вања за обвинетите: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, претежно мижам

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава,…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Уапсени 17 лица – не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост

Полицијата приведе 17 лица кои не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост. -На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје,…

March 23, 2025
ХРОНИКА

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Скопје

На 14.07.2025 во 16.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и бул.„8 Септември“ во…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?