Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со дрон се бара исчезнатата Трајковска, пронајдени нејзини предмети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со дрон се бара исчезнатата Трајковска, пронајдени нејзини предмети
ХРОНИКА

Со дрон се бара исчезнатата Трајковска, пронајдени нејзини предмети

Објавено November 10, 2024 22:22
Сподели
Сподели

Пронајдени се предмети кои и припаѓаат на исчезнатата Лидија Трајковска која последен пат е видена на автобуската станица во Јурумлери, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека го утврдиле движењето на жената – таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево. На тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот вчера биле најдени кутија од цигари, запалка и џемпер.

„Од страна на нејзиниот сопруг препознаени се кутијата од цигари и запалката, односно од негова страна е потврдено дека се нејзини, додека за џемперот се изјаснил дека не е нејзин. Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршени се обиколки по течението на реката Вардар, заедно со граѓани и роднини на исчезнатата“,велат од МВР.

Како што претходно објави нејзиниото семејство, таа носела зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

„Исчезната е мојата мајка, последен пат видена на автобуска на Јурумлери, носи зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми, доколку некој ја види ве молам јавете се 071345208“, напиша на Фејбук ќерката на Трајковска.

Полицијата, заедно со роднини и волонтери, продолжуваат со пребарување на теренот, а извршени се и обиколки по течението на реката Вардар. Пребарана е пошироката околина, вклучувајќи и напуштени објекти, а потрагата продолжува со помош на дрон, кој ги надлетува бреговите на реката во должина од пет километри.

Претходно, семејството откри дека добило закани за изнуда.

Преку „Ватсап“ им била испратена порака со барање за 500 евра во замена за информации за Лидија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Медицинска сестра отишла на одмор во Будимпешта, неколку дена подоцна нејзиното тело било пронајдено во куфер
Следна Статија Патот Кратово – Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

По повеќе од една деценија бегство – екстрадиран Хеди Рамковски, синот на Велија Рамковски

По повеќе од една деценија бегство, пред половина година во Македонија бил екстрадиран Хеди Рамковски, син на Велија Рамковски сопственик на поранешната влијателна…

December 15, 2024
ХРОНИКА

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Возењето под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/кг промили во крвта или возење со брзина која надминува…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Ја снимал девојката додека имале сексуален однос, кога сакала да му раскине и се заканувал со видеото

На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго…

March 13, 2025
ХРОНИКА

Девојка паднала во провалија – интервенирале пожарникарите

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под…

March 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?