Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие
ХРОНИКА

Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие

Објавено February 15, 2025 09:57
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144, Насилство врз дете од член 201-а, како и Предизвикување општа опасност според член 288 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, делата ги извршила последователно така што најпрво на 10 февруари при вршење семејно насилство му се заканила на сопствениот татко дека ќе го убие. Влегла во неговиот дом кршејќи ја вратата, па кога не го нашла, се упатила кон автобуското стојалиште каде го затекнала оштетениот и му упатила отворени закани со намера да го вознемири и да го заплаши.

На 12 февруари осомничена е дека извршила физичко насилство врз дете родено 2011 година, така што најнапред започнала вербална расправија, а потоа детето го удрила со нога во стомакот. Нешто подоцна истиот ден се појавила пред домот на оштетените со стап во раката и им се заканила на девојчето и нејзината мајка дека ќе ги убие, со што кај нив предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв.

Исто така, на 14 февруари го забележала девојчето во дворот на семејната куќа и  започнала да фрла камења кон оштетената. Девојчето побегнало, а осомничената продолжила да фрла камења кон паркинг простор каде имало паркирани возила и ученици кои чекале превоз. На тој начин предизвикала значителна опасност за животот и телото на присутните и оштетила два автомобила.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничената би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, но и поради опасноста да ги повтори кривичните дела или да ги изврши делата со кои се заканува и кои вклучуваат противправни дејствија и закани кон 13-годишно девојче, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот на обвинителството и ја определи притворската мерка за осомничената. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пратениците во бугарското Собрание се плукаат (ВИДЕО)
Следна Статија Меџити: Вкупно 1500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев

Обвинетиот Влатко Кешишев за случајот со убиствата на Вања и Панче денеска одговараше на прашања на јавниот обвинител кои се…

April 2, 2025
ХРОНИКА

Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани

Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот  што избувна вчера доцна попладне…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Воз удрил во патничко возило во Велес

Во Велес вчера се случила железничка несреќа, воз удрил во патничко возило. Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу…

May 27, 2025
ХРОНИКА

Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден во предметот за настаните од „27 април“. Тој издржуваше 13-годишна затворска казна за претепувањето на Зијадин…

November 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?