Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синер и ВАДА се договорија, Италијанецот прифатил три месечна суспензија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Синер и ВАДА се договорија, Италијанецот прифатил три месечна суспензија
СПОРТ

Синер и ВАДА се договорија, Италијанецот прифатил три месечна суспензија

Објавено February 15, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради случајот Клостебол, супстанца на која беше позитивен на тестот во март 2024 година (со концентрација помала од 1 милијардити дел од грам на литар).

Постигнат е договор меѓу тенисерот број еден на АТП листата и ВАДА. Санкцијата започнува на 9 февруари и ќе трае до 9 мај, а за Италијанецот најважно е што ќе може да настапи на Мастерсот 1.000 во Рим.

Синер беше позитивен на гореспоменатата супстанција во март 2024 година. ВАДА во меѓувреме на 26.септември минатата година ја обжали пресудата на трибуналот назначен од ИТИА (организација одговорна за заштита на интегритетот на професионалниот тенис), кој одлучи дека Синер не е виновен за „или грешка или небрежност“.

КАС (Спортски арбитражен суд) одлучи жалбата да се разгледува зад затворени врати на 16-ти и 17-ти април, но во меѓувреме дојде до пресврт.

Во соопштението објавено од ВАДА во саботата, од организацијата велат дека го прифаќаат објаснувањето на Синер дека тој случајно бил контаминиран со забранетата супстанција „клостебол“ од неговиот физиотерапевт. ВАДА признава дека трикратниот Гренд слем шампион „немал намера да мами“, дека лекот нема корист за подобрување на перформансите и дека сето тоа се случило „без негово знаење, како резултат на невнимание на членовите на неговата придружба“.

– Сепак, според кодот и врз основа на преседани на КАС, спортистот е одговорен за негрижата на оние околу него. Со оглед на единствениот збир на факти во овој случај, тримесечната суспензија се смета за соодветен исход, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хамас ослободи уште тројца израелски заложници (ВИДЕО)
Следна Статија Убиството на Хебиб Буњаку во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица од кои три се во бегство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Седлоски: Против Данска нема што да загубиме, да одиграме храбро

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското…

March 16, 2026
СПОРТ

Eден НБА играч „пораснал“ за време на летото, друг се смалил

Нова сензација во НБА лигата, двајца играчи имаат различни бројки во висината едниот „загубил“ сантиметри, а вториот има „повеќе“. Новиот…

October 18, 2025
СПОРТ

(Видео) „Петарда“ на Англија среде Белград

Фудбалската репрезентација на Англија ја декласира Србија среде Белград со 5:0, во натпревар одигран во К групата, во квалификациите за…

September 10, 2025
СПОРТ

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?