Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бронзен медал за Трајковски на Балканското првенство во Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Бронзен медал за Трајковски на Балканското првенство во Белград
СПОРТ

Бронзен медал за Трајковски на Балканското првенство во Белград

Објавено February 16, 2025 00:02
Сподели
Сподели

На Балканското првенство во атлетика во сала кое се одржа во Белград, македонскиот репрезентативец Андреас Трајковски во скок во далечина освои бронзен медал со прескокнати 7 метри и 63 сантиметри.

Андреас уште во првата серија со скок од 7.57 метри ја зазеде третата позиција и во третата серија го подобри резултатот на 7.60 метри, но во четвртата серија Никита Маслук од Украина прескокна 7.61 метар што значеше дека во тој момент Андреас го изгуби бронзениот медал.

Но, во петтата серија Андреас успеа да прескокне 7.62 метри, а бронзениот медал го потврди со неговиот најдобар скок во последната серија од 7.63 метри.

Златниот медал го освои Божидар Сарабујуков од Бугарија со скок од 8.12 метри, додека среброто му припадна на Данио Дубина од Украина со скок од 7.92 метри.

Ова е трет медал на Андреас Трајковски за Македонија од Балканските првенства во сала. Во 2022 година освои исто така бронзен медал, а во 2024 освои сребрен медал во скок во далечина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сириец (23) бодеше луѓе на улица во Австрија и уби 14-годишно дете
Следна Статија Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Усик повторно го победи Фјури (ВИДЕО)

Украинецот Олександер Усик (37) го победи Британецот Тајсон Фјури (36) со едногласна одлука во реваншот неколку месеци по нивната прва…

December 22, 2024
СПОРТ

Навивачите на Велс почнаа акција за собирање средства за семејствата на настраданите во Кочани!

Заедницата на навивачи на велшката фудбалска репрезентација, од која голем дел ќебидат во Скопје на мечот со Македонија, преку социјалните…

March 25, 2025
СПОРТ

Алкохолот го дотолчи: Најдобриот кошаркар почина од тага која се вика војна и Југославија

На 8 декември 2001 година, на само 47 години животот го загуби легендарниот Мирза Делибашиќ . Ретко кој играч толку…

December 9, 2024
СПОРТ

Транспарент со ликот на Кеба се појави на „Маракана“, „Делиите“ го обожуваат

Поминаа речиси три децении откако гласно беше испеана „Imao sam“ на Маракана. Хитот на Драган Којиќ Кеба беше популарен во…

February 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?