Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб
ХРОНИКА

Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб

Објавено February 16, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Кавадарци повело постапка против две лица за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавно обвинителство денеска соопшти дека двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски началник, кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на сторители на недозволена трговија со дрога.

Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини, се појаснува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените. Предлогот бил прифатен и судот им определил притвор во траење од осум дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи
Следна Статија Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Манијак снимал со телефон студентка во „Гоце Делчев“ додека се туширала

Неочекувана сцена во студентски дом на подрачјето на Карпош вознемирила 22-годишна студентка од Прилеп. Додека се туширала, забележала телефон над…

October 18, 2025
ХРОНИКА

Вешто лице сведочеше дека Штекли е психотичен и не е во состојба да ја следи расправата

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, пред Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше вештото лице на одбраната, Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, кој…

September 3, 2025
ХРОНИКА

ФОТО: Гранати, експлозив и оружје пронајдени во Арачиново, еве што се’ ископаа багерите

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови. Неофицијално, полицијата на терен…

December 21, 2024
ХРОНИКА

Почина затвореник во Идризово

Во СВР Скопје од Казнено поправна установа Идризово вчера во 18.10 часот било пријавено дека околу 15.00 часот во установата…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?