Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неделава ќе биде познато дали Владата ќе го прифати предлогот на Комората на трговци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Неделава ќе биде познато дали Владата ќе го прифати предлогот на Комората на трговци
ЕКОНОМИЈА

Неделава ќе биде познато дали Владата ќе го прифати предлогот на Комората на трговци

Објавено February 17, 2025 08:12
Сподели
Сподели

Министерството за економија и труд неделава се очекува да се изјасни по предлогот даден од страна на новата Комора на трговци за поевтинување на 100 до 200 прехранбени производи, средства за хигиена и бебешка храна откако во петокот беше остварена средба во Министерството.

Како што изјави во петокот Даница Блажевска од Рептил маркети, претставниците на трговците и дистрибутерите побарале да има реално намалување на цените на 100 до 200 производи. Сметаат дека е подобро заедно со производителите и добавувачите да направат реално намалување на цените на 100 до 200 производи кои се најнеопходни за секојдневното живеење што ќе биде видливо за граѓаните.

Ваквиот предлог на Комората на трговци доаѓа откако Владата го задолжи Министерството за економија да изготви Предлог-одлука за ограничување на маржите на 10 проценти во трговијата на мало и на големо по што од Комората побараа итна средба со Владата укажувајќи дека доколку се реализира одлуката, ќе бидат принудени да отпуштаат вработени и да ги затворат маркетите.

Предлог-одлуката на Владата уследи по двата граѓански бојкота за пазарање по маркетите поради зголемувањето на цените на основните прехранбени производи.

Ваквата одлука се темелеше на шестмесечниот извештај од Државниот пазарен инспекторат, според кој кај трговците на мало беше утврдено дека има над 20 отсто маржа на основните прехранбени производи и над 30 отсто маржа кај средствата за лична хигиена, додека кај увозниците и дистрибутерите се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50 отсто.

Со Предлог-одлуката требаше да бидат опфатени основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но и детергентите, бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проверете за својата марка: Колку километри може да извозите на резерва?
Следна Статија Германскиот вицеканцелар: Администрацијата на Трамп ги напаѓа западните вредности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Историски стар ланец на апарати затвора сите локации

Компанијата која исто така продаваше душеци, затвори со известување до купувачите и само еден ден известување до вработените

December 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка како начин за забрзан раст и побрза конвергенција на Западен Балкан

„За одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан е потребна заедничка соработка, а не изолација“. Ова беше главната…

May 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата на светските берзи паѓа, дали се очекува намалување и кај нас?

Вклучувањето на САД во војната меѓу Израел и Иран влијаеше и на цената на нафтата на светските берзи која е…

June 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се помалку дизел возила во ЕУ

Бројот на дизел возилата (вклучувајќи ги и дизел хибридите) во Европската Унија во изминатата деценија се намалил за 67 отсто,…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?