Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини – за 19 дена над 19.200 потреси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини – за 19 дена над 19.200 потреси
БАЛКАН

Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини – за 19 дена над 19.200 потреси

Објавено February 17, 2025 09:40
Сподели
Сподели

Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а неколку минути претходно имаше помал земјотрес од 4,2 степени, додека во текот на ноќта беа регистрирани два нови потреси од 4,2 и 4,5 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина.

Најсилниот земјотрес во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос беше регистриран минатиот понеделник и беше со јачина од 5,3 степени според Рихтер.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 14 февруари, биле регистрирани над 19.200 земјотреси, од кои над 16.900 биле посилни од 1 степен.

Поради сеизмичка активност, училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи ќе бидат затворени и оваа седмица, трета по ред.

Надлежните комисии за процена на сеизмичка опасност и за мониторинг на вулканската активност при Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција вчера одржаа состанок за да ја оценат ситуацијата, а членовите едногласно заклучиле дека тековната сеизмичка активност се должи на подморски раседи со североисточен и југозападен правец и дека сеизмичката активност во калдерата останува на истите нивоа, додека зголемена деформација на тлото е забележана во поширокото подрачје на Санторини и постојано се следи.

Дополнително ги повторија и препораките до граѓаните, односно да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат пристап во напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градската и локалната патна мрежа, особено на места каде што има опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Нов состанок, комисиите ќе одржат в среда попладне.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера во неговиот традиционален неделен преглед на Фејсбук, за земјотресите напиша дека според научниците станува збор за појава без преседан, со флуктуации во динамиката, што сè уште не дозволува безбедна процена на неговиот развој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Девица – понеделник, 17 февруари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Вага – понеделник, 17 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Јотова: Палењето на возилата е напад врз Бугарија

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, го осуди палењето на двете дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, оценувајќи го…

June 16, 2026
БАЛКАН

(Видео) Србија: Полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале…

April 12, 2025
БАЛКАН

Крвна одмазда на Косово: Истрча од гаража со два калашникова и изрешета џип во движење

Двајца мажи беа застрелани по што полицијата го уапси напаѓачот кој не се спротивстави. Организацијата од Косово  „Заклетва за правда“ објави видео…

October 19, 2025
БАЛКАН

(Фото) Грција пронајде богатство од потонатиот брод „Британик“, сестрински брод на „Титаник“

Грчките власти објавија дека се пронајдени вредни артефакти од остатоците од бродот „ХМХС Британик“, повеќе од еден век откако сестринскиот…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?