Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година
Blog

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Објавено February 18, 2025 19:22
Сподели
Сподели

Филип Морис Интернешнал (ФМИ) објави ислучителни финансиски резултати за 2024 година, демонстрирајќи ја успешната трансформација на компанијата кон бизнис заснован на производи без чад. Со значителен раст во оваа категорија, ФМИ продолжува да ја засилува својата позиција како глобален лидер во иновативните никотински производи.
Обемот на продажба на производи без чад во минатата година порасна за 12,6% на годишно ниво, а во второто полугодие достигна раст од 14%. Вкупните испораки на производи без чад за првпат надминаа 40 милијарди единици во еден квартал.
„2024 беше извонредна година за ФМИ. Остваривме силни резултати благодарение на континуираниот раст на IQOS и ZYN. Со овластувањето за тврдењата за намалена штетност на сите ZYN никотински ќесички од Агенцијата за храна и лекови во САД, добивме дополнителна потврда за научната основа на нашите производи без чад”, изјави Јацек Олчак, извршен директор на ФМИ.
Во текот на 2024 година компанијата го прошири портфолиото на своите производи без чад во речиси половина од 95-те пазари каде тие се присутни, достигнувајќи 38,5 милиони возрасни корисници на потрфолиота производи без чад. Притоа IQOS го зајакна своето второ место меѓу брендовите на никотински производи во пазарите каде што е присутен.
Во Европа, продажбата на производи без чад забележа значителен раст од 9,4% на годишно ниво, со двоцифрен раст во Бугарија, Грција, Германија, Романија и Шпанија.
„Со силен моментум во сите категории, уверени сме дека нашата трансформација без чад и неспоредливото портфолио на брендови ќе продолжи да дава одлични перформанси и да создава вредност за нашите потрошувачи и акционери во 2025 година и на долг рок“, заклучи Олчак.
Филип Морис останува посветен на својата визија за свет без чад, фокусирајќи се на проширување на своето портфолио со иновативни производи кои се подобра алтернатива за возрасните пушачи и зајакнување на позицијата на пазарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Неготино уапсени крадци од Радовиш
Следна Статија Лавров: САД почнуваат подобро да ја сфаќаат позицијата на Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Оваа земја чува најголем број златни прачки во светот

Соединетите Американски Држави (САД) ги држат најголемите резерви на златни шипки во светот – околу 8.134 тони злато, според Светскиот…

June 2, 2025
Blog

Потонаа цените на акциите на Волстрит и Европа поради царините на Трамп

Цените на акциите на Волстрит остро паднаа на почетокот на тргувањето денеска , еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп…

April 3, 2025
Blog

Јапонија одобри стимулативен пакет од 135 милијарди долари за поддршка на економијата

Пакетот има за цел да ги олесниInflation товарот врз домаќинствата и бизнисите, според медиумски извештај

November 22, 2025
Blog

Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека ќе ја повлече понудата од 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?