Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судот го потврди обвинението против наводните убијци на малата Данка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Судот го потврди обвинението против наводните убијци на малата Данка
БАЛКАН

Судот го потврди обвинението против наводните убијци на малата Данка

Објавено February 18, 2025 20:07
Сподели
Сподели

Вишиот суд во Заечар, го потврди обвинението на Вишото јавно обвинителство поднесено против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството на Данка Илиќ од Бор.

– На Вишото јавно обвинителство Заечар денеска му е доставено решение од Вишиот суд со кое е потврдено обвинението поднесено од Вишото јавно обвинителство Заечар против обвинетиот Дејан Драгијевиќ, од село Злот и Срѓан Јанковиќ од село Лука, обвинети за сторено кривично дело Тешко убиство во соизвршение. Обвинет е и Радослав Драгијевиќ од село Злот, за сторено кривично дело непријавување кривично дело и сторителот и кривично дело помагање на сторителот по сторено кривично дело – велат од надлежното обвинителство во Заечар.

Обвинетите можат да се жалат на предметната одлука до Апелациониот суд во Ниш во рок од три дена од добивањето на примерок од одлуката преку Вишиот суд во Заечар.

Апелациониот суд во Ниш го врати обвинителниот акт на повторно разгледување во Вишиот суд во Заечар, сметајќи го за нецелосен и по речиси два месеци судот донесе одлука за повторно потврдување на обвинението.

Инаку, прашањето кое сè уште ја мачи јавноста и го растргнува семејството на двегодишното девојче, кое тој ден ја крена Србија на нозе, е каде е телото на Данка откако беше објавено дека девојчето е убиено. Потрагата по неа, за потсетување, траеше со денови, додека на 4 април излезе најлошата вест – малата Данка е убиена, а осомничени за монструозниот чин се двајца работници од борскиот „Водовод“, Срѓан Јанковиќ (51) и Дејан Драгијевиќ (51).

Нејзиното тело до ден денес не е пронајдено, нема материјални докази за убиството, а сега обвинетите ги повлекле првичните признанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини
Следна Статија Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Внимавајте на хрватска граница, има построги правила: Еве што смеат да носат патниците

Патниците што летово влегуваат во Хрватска треба повнимателно да го подготват багажот, бидејќи од 1 јуни 2026 година почна целосната…

June 3, 2026
БАЛКАН

(Видео) Снежна пролет и во Грција: бура во Солун, снег го покри и Халкидики, сцените се нереални

Од синоќа трае студената инвазија во Грција која во бело обви неколку области од северниот дел на земјата. Од раните…

April 7, 2025
БАЛКАН

Вајц за БГНЕС: Јас сум пријател на Бугарија!

Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените од Преговарачката рамка. Јас…

June 24, 2025
БАЛКАН

Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не…

July 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?