Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи
ЕКОНОМИЈА

Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи

Објавено February 20, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите. На самиот старт на владините одлуки, вчера реагираа од Комората на трговци на големо и на мало, од каде изразија загриженост и побараа повторно средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаат последиците од овие одлуки.

Владата во вторникот на седница донесе одлуки за ограничување на бруто профитната маржа и за утврдување на највисоките цени на одделни производи со што треба да бидат опфатени 102 групи на производи или на над 1000 прехранбени и непрехранбени производи.

Според Комората, со владините одлуки нема да бидат опфатени 1000 производи, туку од 3000 до 4000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко, како и производите како што се детергентите и сапуните.

-Целиот сектор ја дели загриженоста, иако до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат достави конкретни предлози, кои се одраз на реалната состојба. Овие предлози беа на барање на Владата. Тие имаат за цел да се обезбедат ефективни мерки за намалување на цените, а истовремено да не го загрозат опстанокот на трговските претпријатија. Затоа предлагаме Владата посериозно да ги земе предвид нашите аргументирани предлози, кои се во согласност со Уставот и законите на државата, пред да донесува вакви сериозни одлуки, кои можат да нанесат голема штета на сите стопански субјекти вклучени во трговската дејност, информираа од Комората.

Одлуките на Владата ги оценија како избрзани и посочија дека со нив се нанесува значителна штета на голем број стопански субјекти.

Одлуките на Владата веќе се објавени во „Службен весник“ што практично значи дека треба да стапат на сила, а ќе траат до 30 април.

-Нашите очекувања се дека со овие две одлуки цените на основите прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек за околу 10 отсто, освен осумте основни прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко за кои се очекува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат или да има минимално намалување, рече на прес-конференција во вторникот заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

Со владината одлука, на пет проценти се ограничува бруто профитната маржа на млекото, лебот, брашното тип 400 и 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко, на 10 отсто месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервирниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините, а на 15 отсто средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчукот, детергентите, бебешката храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија и слично.

-Анализата на ДПИ покажа дека трговците на големо и тровците на мало пресметуваат БПМ од 20 до 25 осто за основните производи во трговијата на мало, а од 20 до 50 отсто во трговијата на големо. Со оваа одлука се задолжуваат сите кои се учесници во трговијата на големо и во трговијата на мало, сите овие 102 групи на производи, најмалку 70 проценти да бидат присутни на рафт, рече министерот Ристески.

Одлуката за утврдување на највисоки цени ќе се однесува на осум групи основни прехранбени производи при што како највисока цена ќе се земе онаа што важела на 1 февруари годинава.

Со оценка за владините мерки излезе и опозициската СДСМ според која мерките се задоцнети.

Според пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, требало да се оди со порадикални мерки и наместо 102 категории на производи да бидат опфатени 238 групи на производи што се со повластена даночна стапка од пет отсто.

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднесе и измени на Законот за ДДВ со кои предлагаат намалување на данокот за електрична енергија од 18 на 5 отсто, како и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Со оваа мерка, како што посочија од СДСМ, значително ќе се намалат сегашните високи сметки за електрична енергија, а укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи, ќе доведе до нивно намалување за пет проценти.

Пред Владата да ја донесе одлуката, новоформираната Комора на трговци на големо и на мало на нивно барање имаше средба со министерот за економија по што достави предлог решенија со кои предложи поевтинување на 100 до 200 производи кои се најнеопходни за живеење во периодот од 22 март до 22 април со што, според нив, би биле опфатени двата големи празника Велигден и Рамазан.

Ваквите чекори на Владата уследија по зголемувањето на цените на основните прехранбени производи и по двата бојкота за време на кои граѓаните беа повикани да не пазарат во маркетите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Родители во парк имаат секс пред детето – покрената истрага
Следна Статија Пожар во стан во Кисела Вода: Повредени станари, пожарникар и полицаец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави синоќа премиерот Христијан…

May 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Нефер однесувањето на енергетскиот пазар ќе се казнува со дел од приходот

Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји…

November 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Пензискиот систем во Македонија – Предизвици

Македонија го воведе тростолбниот пензиски систем во 2006 година. Реформите се спроведуваа според Чилеанскиот модел, а истиот беше применет и…

December 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување,…

October 8, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?