Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожар во стан во Кисела Вода: Повредени станари, пожарникар и полицаец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пожар во стан во Кисела Вода: Повредени станари, пожарникар и полицаец
ХРОНИКА

Пожар во стан во Кисела Вода: Повредени станари, пожарникар и полицаец

Објавено February 20, 2025 08:20
Сподели
Сподели

Двајца станари, еден пожарникар и еден полицаец се повредени во пожар што избувна синоќа во зграда во скопската населба Кисела Вода, спроти Општината. Еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставија станарите под ведро небо, објави на Фејбук претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

-Веднаш со мојот тим се упативме на местото на настанот. Жителите на оваа зграда се евакуирани и во моментов се во мојот кабинет, на безбедно и топло и тука ќе останеме заедно. Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост! Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада од Скопје и МВР кои со својата професионалност беа на висината на задачата и пожарот е локализиран, што е најважно нема човечки жртви, напиша градоначалникот  Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до соседите за нивната смиреност и заедно, како што напиша, спречивме голема катастрофа.

-Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, ќе најдеме и преноќиште, а уште рано наутро ќе помогнеме со сите расположливи ресурси и оваа трагедија, заеднички ќе ја надминеме!, се вели во објавата на Ѓорѓиевски.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) Звонко Томевски утрово за МИА изјави дека пожарникарот бил пратен на снимање и потоа е вратен на работа

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи
Следна Статија (Видео) Реал го растури Сити, хет-трик на Мбапе, по Милан и Аталанта испадна и Јувентус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани-Штип

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што попладнево околу 14 часот се случи на експресниот пат Кочани – Штип,…

March 7, 2025
ХРОНИКА

Свекор ја натепал снаата во Штип

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи…

February 23, 2025
ХРОНИКА

Населението евакуирано, струјата исклучена: Изгореа 20 возила, објекти и магацин во Кисела Вода

Денеска (16.09.2025) во 03:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1519“ во Кисела Вода во Скопје опожарени се…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли, Судот ќе решава дали ќе има супер вештачење

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска заврши сослушувањето на вештите лица од Oбвинителството во случајот „Штекли“. Судечкиот совет најави дека…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?