Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илон Маск: Зеленски уби американски новинар!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Илон Маск: Зеленски уби американски новинар!
СВЕТ

Илон Маск: Зеленски уби американски новинар!

Објавено February 20, 2025 09:42
Сподели
Сподели

Блискиот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за убиство на новинар.

„Зеленски уби американски новинар“, напиша Илон Маск на социјалната мрежа Икс, во објава која се однесува на Гонзало Лира, чилеанско-американски публицист, филмски режисер, финансиски блогер, јутјубер и коментатор кој почина на 12 јануари 2024 година во украински затвор.

Украина го обвини за ширење руска пропаганда.

Тој живееше во Харков кога руската армија започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Тој се здоби со следбеници со објавување на содржина со критика кон украинската влада и Зеленски. Тој постојано велеше дека Зеленски користи кокаин, а руската инвазија ја опиша како „една од најбрилијантните инвазии во воената историја“.

Тој бил уапсен од Украинската агенција за внатрешна безбедност (СБУ) на 1 мај 2023 година, но набрзо беше ослободен со кауција. Лира потоа објави видео во кое најавува дека ќе се обиде да ја напушти земјата, пред повторно да биде уапсен поради наводно прекршување на условите за кауција.

Украинскиот центар за стратешка комуникација и информациска безбедност (СПРАВДИ) го обвини Лира дека „ја оправдува руската агресија врз Украина“, што е кршење на членот 463-2 од кривичниот законик на земјата, пренсоа медиуми.

Ова не е првпат Маск да упати сериозни критики на адреса на украинскиот претседател. Тој го стори тоа и вчера кога на социјалните мрежи напиша дека Зеленски не сака мир, туку само моќ и пари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Магијата на Меси на -15 степени во Канзас
Следна Статија Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички…

October 4, 2025
СВЕТ

Саркози ќе ја отслужи затворската казна во Париз

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе почне да ја отслужува казната во парискиот затвор Ла Санте во вторник, објавија денеска…

October 19, 2025
СВЕТ

Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул

Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, водечки противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, да биде задржан во притвор,…

March 23, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Tрамвај удри во продавница во центарот на Осло

Трамвај удри во продавница во центарот на Осло, при што четири лица се повредени. Полицијата соопшти дека на сите им…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?