Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
МАКЕДОНИЈА

Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа

Објавено February 21, 2025 10:16
Сподели
Сподели

Глобалната кибербезбедност е под зголемена закана. Бројот на слабости на виртуелните облаци низ светот, односно потенцијалните слаби точки во системите – се зголеми за над двојно за само четири години – од 1.700 на 3.900, според истражувањето на „Ај-би-ем“ (IBM). Проучувањето е спроведено меѓу 2019. и 2023 година со следење различни облак-услуги низ светот.

Балканот е, се чини, „критичниот дел“ на кибербезбедноста на Европа, според новото истражување на компанијата за безбеднот на облак-услугите – „Клаудл“. Најзагрозени точки се Босна и Херцеговина (со рејтинг на опасности од 71 отсто), Србија (69 отсто) и Албанија (67 отсто), пишува „Евроњуз“ (Euronews).

Ранливостите откриени во земји како Босна и Херцеговина и Србија ги истакнуваат критичните празнини во инфраструктурата за кибербезбедност, коишто бараат итно внимание, нагласи извршниот директор и основач на „Клаудл“, Акаш Махајан. – Мораме да му дадеме приоритет на обуката за кибербезбедноста и да спроведеме силни мерки за заштита на податоците бидејќи продолжуваме сè повеќе да се потпираме на облак-технологиите. Ова вклучува редовни безбедносни контроли, програми за обука на вработени лица и усвојување напредни технологии за шифрирање, додаде тој.

За кибербезбедноста на Обединетото Кралство (64 отсто) се истакнати вкупните опасности поради големиот број проценети пробивања на облак-услугите – над една милијарда изминатите две десетлетија.

Македонската кибербезбедност е на незавидното 5. место, заедно со ирската, холандската и летонската – сите со рејтинг на ризик од 53 отсто. Следи италијанскиот систем безбедност (51 отсто), со околу 800 милиони пробивања. Полска е на 10. место со рејтинг на опасност од 49 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск со моторна пила ќе ја „сече“ бирократијата (ВИДЕО)
Следна Статија Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наталитетот во 2024 година паднат на 8,8%, оваа Влада не го премолчува проблемот и се бори со него

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Македонија. Советот денеска на 510-тата седница со 13 гласа…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Инспекторите се на терен, во сите поголеми супермаркети, вели Мицкоски, обврска ни е да го штитиме стандардот на граѓаните

Сите институции се излезени на терен, и се наоѓаат во сите поголеми супермаркети, ова денеска го изјави на новинарско прашање…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

РСЕ: Двојните аршини на обвинителите и судиите

Како функционираат некои обвинители и судии пример е акцијата на полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?