Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: Јавниот обвинител, Лиле Стефанова и судирот на интереси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милошоски: Јавниот обвинител, Лиле Стефанова и судирот на интереси
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Јавниот обвинител, Лиле Стефанова и судирот на интереси

Објавено February 22, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Аргумент плус дека државниот обвинител е зрел за менување покажува и неговата Одлука за надзор, со која тој ги прекршил нормите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, вели Антонио Милошоски, во својата објава на социјалните мрежи.

Поточно, на 07.10.2024г обвинителот Коцевски потпишува Одлука за вршење надзор на работата на Вишото обвинителство – Скопје и за таа цел формира работна група, во која битна улога И дал на обвинителката Лиле Стефанова. Но, Коцевски морал да знае дека обвинителка која што постапувала по одредени предмети во прв степен не е законито да врши надзор на истите предмети во втор степен.

Имено, обвинителката Лиле Стефанова лично учествувала и како обработувач и како застапник на поранешното СЈО во предметите “Поштенска банка” и предметот “Драган П. Латас”, а потоа со одлуката на Коцевски добила противзаконито овластување да врши надзор за истите предмети кај нејзините колеги од вишото обвинителство.

Оваа одлука е дополнително контраверзна бидејќи во моментот на ангажирањето на Лиле Стефанова, обвинителот Коцевски знаел дека за неа се води истрага како осомничена во предметот “Бонусите на СЈО” за незаконито примени 94.000€, кој предмет во втор степен по жалба се разгледувал токму во Вишото обвинителство- Скопје, каде таа добила задача да врши надзор. Личниот интерес на обвинителката Лиле Стефанова како осомничена не можел, а да не влијае на нејзиниот надзор или притисок кон колегите во ВЈО-Скопје.

Останува дилема кој бил мотивот на Коцевски незаконито да поставува ЈО кои ќе си вршат надзор над сопствени предмети?! Дали имал лукративен мотив, или имал цел да ја заштити групата од СЈО од сомневања за незаконско работење во замена за нивната поддршка, или можеби добил политички насоки?!
Но, без оглед на мотивите, со оваа постапка обвинителот Коцевски го прекршил начелото на професионалност во обвинителство, како и членовите 72 и 75 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Ова е уште еден пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски, во соработка со неговата колешка Лиле Стефанова, заради која истиот треба да си поднесе оставка или да биде разрешен од страна на Собранието, пишува Милошоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тежок пораз во Талин, Македонија нема да игра на ЕП
Следна Статија Јончевски: Промашивме многу отворени шутеви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пет години членство на Македонија во НАТО

Република Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Убава ни е државата, но неписмена администрацијата“

Не ретко се споделуваат примери на социјалните мрежи каде повеќе од очигледно е дека правописот не им е баш силна…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

За пет години затворени 30 училишта во Македонија

Македонското образование „изгубило“ 5.431 ученик, во последните пет години поради што под клуч биле ставени 30 училишта во државата, објави Мета.мк…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гори депонијата во Вардариште

Во земјава попладнево активен е еден пожар на отворен простор – гори депонија во Вардариште во Општина Гази Баба. Ова…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?