Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра
ЕКОНОМИЈА

Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра

Објавено February 22, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Долгот на граѓаните кај банките во јануари порасна на 250,1 милиони денари или повеќе од 4 милијарди евра. Овој долг доминира и во вкупниот износ од 8,03 милијарди евра кој го имаат граѓаните и компаниите кон банките, покажуваат последните податоци на Народната банка.

Долгот на граѓаните кон банките расте секој месец, а во јануари годинава пораснал за 8,8% на годишно ниво или за 0,2% на месечно ниво. Вкупните кредити, пак, бележат раст од 11,3% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора.

Во јануари за прв пат кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, е остварен месечен пад од 0,3%, но на годишна основа забележан е раст од 8,4%, додека станбените кредити се зголемени за 0,5% на месечна основа односно за 12,7% на годишно ниво. Овој месец, автомобилските кредити бележат месечен и годишен раст од 0,7% и 5,1%. Кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележан пад од 1,1% и 9,0% на месечно и на годишно ниво. Кај негативните салда на тековните сметки, овој месец е остварен месечен раст од 11,4%, при годишен пад од 4,6%, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,2% и 10,2% на месечна и на годишна основа.

Граѓаните, сепак чуваат многу повеќе пари во банките од нивниот долг. Податоците на Народна банка покажуваат дека депозитите на граѓаните во банките изнесуваат повеќе од 6,4 милијарди евра и бележат раст од 14,2% на годишно ниво.

Вкупните депозити (домаќинства, компании) во јануари на годишно ниво бележат зголемување од 11%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода
Следна Статија Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија PWT Group BV во ТИРЗ

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски денеска имаше работна средба со Питер ван дер Легте, извршен потпретседател на ВДЛ…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Мерката „МојДДВ“ не се укинува

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. Јасно и недвосмислено истакнуваме…

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба на распределбата на земјоделското земјиште, вели Мицкоски

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со начинот на којшто се доделувало земјоделското земјиште,…

November 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Новогодишна белешка на гувернерката на Народната банка: Очекуваме постабилен економски амбиент во 2025 година

Во очекување на економски подобра 2025 година, во која инфлацијата би продолжила да се стабилизира, а растот би забрзал, да…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?