Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа
МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа

Објавено February 22, 2025 09:31
Сподели
Сподели

Крис Павловски, основач и сопственик на платформата „Rumble“ и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и дел од тмот Ттрамп, вечерва се огласи за говорот на премиерот Христијан Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон.

-Еден од најдобрите лидери во Европа и еден од единствените момци кои ракоплескаа на говорот ба Џеј Ди Венс минатата недела во Германија, напиша Павловски на Х.

One of the best leaders in Europe and one of the only guys clapping for @JDVance’s speech the other week in Germany.

Macedonia has a bright future. https://t.co/fOIaoRCOTL

— Chris Pavlovski 🏴‍☠️ (@chrispavlovski) February 21, 2025

Говорот на Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон го пренесоа сите меинстрим платформи во САД.

“Тоа беше историски настан, според моето скромно мислење. Не велам дека сум во право, можеби некои европски политичари ќе ми се налутат, но тоа беше инспиративен говор. Важно е дека по говорот, некои од публиката го критикуваа Венс, а некои рекоа дека тоа било своевидно мешање во внатрешните работи на суверени држави, бидејќи потпретседателот Венс наведе многу примери кои не се во согласност со слободата на говор, со демократијата, со нашите споделени вредности. Повторно ќе речам, мислам дека беше во право.“

“На мојот подоцнежен панел реков дека видовме историски говор, со многу отворени и директни пораки. Не знам дали американскиот народ знае, дека по нашата независнот од југословенската федерација, ние имавме стратегиска цел да станеме членка на НАТО и на ЕУ. Пред да влеземе во НАТО, го сменивме знамето, валутата, Уставот и нашето име, бидејќи некои од нашите соседи станаа членки на НАТО пред нас и го злоупотребија правото на вето за да решаваат билатерални спорови. Што е тоа ако не мешање во внатрешните работи?“, изјави премиерот Мицкоски.

Тој рече дека ние повторно сме под притисок да го смениме Уставот.

„Тоа не е фер. Не е фер кон една мала земја која сака да стане членка на ЕУ. Вредностите на ЕУ не се билатерализација на пристапниот процес“, нагласи Мицкоски.

Македонскиот премиер додаде дека Македонија е усогласена со новата администрација на САД и по едно друго прашање – справувањето со миграцијата.

-Ние сме вратата на југоисточна Европа, и сме значајни по едно прашање кое беше актуелно пред неколку години, а сега е поврзано со политиката на претседателот Трамп кон миграцијата. Ние бевме на линијата на фронтот, се боревме против илегалната миграција и ја штитевме Европа од илегалните мигранти, изјави Мицкоски.

На геополитички план, премиерот Мицкоски ја истакна важноста на Македонија за транспортните и енергетските коридори во Балканот. Тој беше прашан за зголемувањето на кинеското влијание во изградбата на регионалната инфраструктура.

-Во право сте кога ја спомнувате таканаречената кинеска економска инвазија на овој дел на Европа. Ние сме под силен финансиски притисок од таа земја, но мојата земја е единствениот дел од сложувалката кој им недостасува. Ние сме природен крстопат на два важни коридори, 8 и 10. Практично двата коридори се сечат на територијата на мојата татковина. Бидејќи ние сме стратешки партнери со САД, јас сум многу заинтересиран да поканам што е можно повеќе инвеститори – американските бизнисмени се веќе присутни во мојата земја – и можат да бидат силна конкуренција на огромните азиски компании во регионот, изјави премиерот Мицкоски.

Тој ја отвори можноста и за американски инвестиции во енергетскиот сектор на Македонија, велејќи дека во тек е изградба на гасоводен интерконектор со Грција, кој ќе овозможи транспорт на американски гас кон пазарот на југоисточна Европа, како конкуренција за рускиот гас. Мицкоски воедно изјави дека Македонија веќе троши 2 проценти од своето БДП за одбрана, и дека тоа го смета како долна, а не горна граница, за што Мекфарланд оцени дека Македонија е еден од големите сојузници на САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра
Следна Статија Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измен

Премиерот Христијан Мицкоски денес при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани. „Со длабока жалост и неверица ве…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Елена Гули, внука на легендарниот Питу: Дедо ми знаел дека ќе загине, но не отстапувал од идејата за слободна Македонија

Елена Гули е единствениот директен потомок на славниот Питу Гули, внука од најмалото од четирите деца на војводата, заедно со…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција ќе го чешла случајот Александрополис за сторен криминал

Поранешни членови на управни и надзорни одбори и функционери од претходната Влада добија кривични пријави затоа што закупиле капацитет за…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?