Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Престолонаследникот Вилијам ќе се тестира за рак, бил изложен на отровни издувни гасови 
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Престолонаследникот Вилијам ќе се тестира за рак, бил изложен на отровни издувни гасови 
ЗАБАВА

Престолонаследникот Вилијам ќе се тестира за рак, бил изложен на отровни издувни гасови 

Објавено February 22, 2025 09:38
Сподели
Сподели

Британскиот престолонаследник Вилијам е подложен на медицински тестови, по неодамнешната смрт на неговиот поранешен воен инструктор за летање, наредникот Зак Стабингс.

Стабингс го обучуваше принцот за време на неговата служба меѓу 2010. и 2013 година. Тој почина на 47 години, по децениска битка со рак којшто ги зафаќа крвта и коскената срцевина. Неговата смрт предизвика загриженост за здравствените опасности поврзани со поголемата изложеност на отровни издувни гасови од воените хеликоптери, вклучувајќи го и „Морски крал“ (Sea King) што Вилијам го пилотираше за време на неговата обука.

Загриженоста е дотолку поголема оти кралското семејство веќе се соочува со две битки со ракот. Имено, кралот Чарлс и сопругата на Вилијам, Кетрин – Кејт Мидлтон со месеци се лекуваат од таа болест. Мидлтон неодамна откри дека ракот кај неа е во ремисија, по шесте месеци хемотерапија.

Според наводите, принцот е подложен на медицински прегледи како мерка на претпазливост, за да се исклучат какви било болести потенцијално поврзани со неговата воена служба.

По сѐ, изгледа дека Монархијата сака да избегне „троен удар“ на рак во самиот врв на кралското семејство. Смртта на Стабингс, исто така, повторно ја актуелизира можната правна постапка против Британската армија. Многу поранешни вработени кои управувале со истите хеликоптери страдале од различни облици на рак – на белите дробови, грлото и на тестисите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
Следна Статија Се појави видео од аеродромот во Доха кое ги загрижи фановите на Ѓоковиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Почина музичката икона Квинси Џонс

Американскиот продуцент, композитор и текстописец Квинси Џонс почина на 91-годишна возраст. „Вечерва, со полни, но скршени срца, ја споделуваме веста…

November 4, 2024
ЗАБАВА

Џим Кери доби почесна награда „Цезар“, одржа емотивен говор: „Каков беше мојот француски?“

Џим Кери доби овации од високите претставници на француската филмска индустрија на 51-то доделување на наградите „Цезар“, каде што ја…

March 1, 2026
ЗАБАВА

Црвената Месечина носи вистинска катаклизма за овие четири знаци

Полната месечина во Стрелец на 11 јуни носи бран оптимизам, љубов и финансиски превирања. Прочитајте што носи оваа лунарна фаза…

June 11, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Маск дојде кај Трамп со синот по име X Æ A-12, момчето добро се забавуваше

Илон Маск во предизборниот штаб на Доналд Трамп го донесе својот четиригодишен син X Æ A-12 или скратено Х, кој…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?