Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија е коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија е коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина
МАКЕДОНИЈА

Македонија е коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина

Објавено February 24, 2025 13:25
Сподели
Сподели

САД денес поднесуваат нацрт-резолуција во ОН што користи помалку критички јазик кон целосната инвазија на Русија врз Украина од нацрт-резолуцијата што ја предложија Европската Унија и Украина.

Македонија е една од земјите коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина. Истовремено ЕУ, предводена од Германија и Франција, поднесува своја резолуција. Мицкоски рече дека очекува истата да биде поддржана од мнозинството во рамките на Обединетите нации.

Одлучивме да бидеме коспонзори на Резолуцијата која ја поднесуваат САД во ООН. Очекувам истата да биде поддржана од мнозинството на ООН, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за неутрална нацрт-резолуција за Украина предложена од САД. Како што објави агенцијата РИА Новости, соодветната нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН го отсликува документот на Генералното собрание на Светската организација предложен од САД.

САД за првпат одбија да бидат коавтор на нацрт-антируската резолуција на Генералното собрание на ОН за Украина и во документот предложен од нив не се обвинува Русија за почеток на конфликтот. Текстот на резолуцијата, исто така, изразува тага во врска со трагичната смрт на луѓето во руско-украинскиот конфликт и апелира за негов што побрз крај.

САД во четвртокот одбија да го поддржат текстот подготвен од Украина и ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Реконструкција на ГОБ „8 Септември“ и охридскиот аеродром вредна 14,7 милиони евра – Роботска хирургија како новина
Следна Статија Мицкоски: Билатералниот спор што го имаме со нашиот источен сосед е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во посета на Обединетите Арапски Емирати

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски за изјавата на бугарскиот министер дека е „северномакедонски“ премиер: Тоа е како кога глушецот го задева лавот

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Задушница, утре Духовден

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на…

May 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?