Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази
ПОЛИТИКА

Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази

Објавено February 24, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека има доверба во работењето на Изет Меџити, а им порача на Демократската унија за интеграција (ДУИ) доколку имаат докази за негово незаконско работење да ги достават.

Ова беше одговор на Мицкоски на новинарско прашање да го коментира соопштението на ДУИ во кое тие изразија сомнежи за распределбата на фондовите за проекти во културата, посочувајќи дека Сарана Адеми, која е шеф на кабинетот во партијата на Меџити, Демократско Движење, била именувана за член на комисијата за музичка дејност.

Премиерот Мицкоски во одговорот рече и дека со потпретседателот на Влада и министер за животна средина има непосредна блиска соработка.

– Апсолутно сите оние кои поседуваат какви било докази за такво нешто за кое ДУИ тврди еве ги повикувам, мојот број сите го знаат. Денес, утре, да дојдат, ако треба ќе напуштам состанок да ги видам тие докази и да ги дадеме на органите коишто треба да постапуваат. Во спротивно морам да ги предупредам од ДУИ дека продолжуваат да сеат пердуви, да се занимаваат со магла, магла којашто е оптоварена со зборот корупција бидејќи тоа беше нивно второ име во минатото во коешто главен атрибут беше Трговски центар Соравија во Скопје, ролс-ројс автомобилите на сватовите, деловните простории на семејството на тогашниот потпретседател и шеф на кабинет на господинот Ахмети и така натаму, истакна Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Според премиерот за редење на скандалите на ДУИ, може да има една цела прес-конференција. Тој за ДУИ оцени, дека „Фројд, владеее со нивната потсвест“ и истакна дека има апсолутна доверба во работењето на господинот Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Градската болница „Св. Наум Охридски“ доби нова современа опрема за напредни уролошки процедури
Следна Статија Македонската „The Dude Specialty Coffee“ прогласена за една од 100-те најдобри кафетерии во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

За година и пол Владата на ВМРО-ДПМНЕ е соголена до кожа од лагите со кои победи на изборите, нагласи претседателот…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има пад од 135 илјади гласови

По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Гробиштата на Блаце не се место за казино

На гробиштата во Блаце се одвиваат градежни работи на парцела која, според официјалните податоци, фигурира како сопственост на компанијата Flamingo…

April 25, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не успеа да се справи со пожарите сите активности ги сведе на лажен ПР…

September 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?