Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading:  ВИДЕО Алек Болдвин повторно ги изгуби нервите на улица: Се закани дека ќе му го „скрши вратот“ на комичарот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА >  ВИДЕО Алек Болдвин повторно ги изгуби нервите на улица: Се закани дека ќе му го „скрши вратот“ на комичарот
ЗАБАВА

 ВИДЕО Алек Болдвин повторно ги изгуби нервите на улица: Се закани дека ќе му го „скрши вратот“ на комичарот

Објавено February 25, 2025 10:56
Сподели
Сподели

Алек Болдвин прилично непријатно ги доживеа шегите на комичар кој го исмејувал пред неговиот дом, на тема – трагедијата на снимањето на филмот „’Рѓа“, каде што беше убиена филмската работничка Халина Хачинс, откако Болдвин несреќно испука куршум кон неа. Имено, во доста напната блиска средба потоа, американскиот глумец му се закани на комичарот – дека ќе му го скрши вратот.

Џејсон Скуп, како и Болдвин во своите скечеви во американската емисија „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live), го имитира Доналд Трамп, па во видео споделено на својот интернет-простор, на висок тон почна да се потсмева со холивудската ѕвезда, додека овој истоварува багаж од автомобилот пред својот дом во Њујорк.

– Алек, па ова е твојот омилен претседател!, му довикнува Скуп на Болдвин, алудирајќи на познатата пародија на Болдвин.

Сѐ тоа, се чини, наликува на политичка провокација кон Болдвин како неистомисленик на Трамп. Комичарот продолжи, во обид да го имитира Трамп држејќи голем прстен:

– Ете, Алек, ќе ти понудам целосно помилување затоа што сакам да бидеме пријатели, нели? Сакам да бидеме пријатели. Ќе ти дадам целосно помилување затоа што ја уби таа жена ако го бакнеш прстенов.

View this post on Instagram

A post shared by Jason Scoop (@jasonscoop)

Скуп го повтори случајот со смртта на снимателката.

– Па, Алек, ако не го сакаш тоа помилување зашто ладнокрвно ја уби таа жена – можеш да го наречеш (убитво од) прв степен – можеш да го наречеш како сакаш, но тоа не е добро, Алек. Таа сега нѐ гледа од горе, насмеана, среќна и ми вели: „Ти благодарам што се соочи со човекот што ме уби“, продолжи Скуп, имитирајќи го Трамп.

Болдвин, притоа, молчи за време на повеќето шеги на Скуп, но на крајот му одговори.

– Погледни ме. Сакам да ме погледнеш. Имаш камера кон мене овде? Дали сфаќаш дека моите деца живеат во оваа куќа!? Сакам да знаеш нешто. Слушај ме многу внимателно… Ако оваа камера не беше тука, ќе ти го скршев вратот. Го знаеш тоа, нели?, возврати Болдвин.

Потоа се разделија, а Скуп на крајот од точката, ја пофали својата „жртва“, па нагласи дека „за разлика од Роберт де Ниро кој избега“, Болдвин се соочи со комичарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Волво“ удри во семафор, па во пешак синоќа на „Гологанов“, возачот избегал
Следна Статија Цариниците запленија автобус специјално адаптиран за шверцување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Прошверцуван телефон од Северна Кореја: Новинарите открија неверојатни работи (ВИДЕО)

Новинарите на јужнокорејската медиумска организација „Daily NK“, која со години ги следи настаните во соседната земја на север, неодамна успеаја…

June 5, 2025
ЗАБАВА

Кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу успех во игри на среќа во октомври?

Во овој период, движењата на Јупитер, Венера и Марс создаваат уникатни услови за добивка преку игри на среќа, лотарии и…

September 22, 2025
ЗАБАВА

Ако сте родени во овие хороскопски знаци, честитки! Од 30 април конечно пари по тешките месеци

По 30 април, два хороскопски знаци можат да очекуваат ненадеен пресврт на финансиски план, но под еден услов. Астролозите предвидуваат…

April 15, 2025
ЗАБАВА

Вице Зампела, креатор на Call of Duty, почина во сообраќајна незгода во Калифорнија

Влијателниот развивач на видео игри почина по судир на возилото што се запали на автопат во Лос Анџелес.

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?