Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цариниците запленија автобус специјално адаптиран за шверцување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Цариниците запленија автобус специјално адаптиран за шверцување
ХРОНИКА

Цариниците запленија автобус специјално адаптиран за шверцување

Објавено February 25, 2025 13:34
Сподели
Сподели

Царината информираше дека е запленет автобус со косовски таблички кој извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот е откриен од страна на царински службеници на влез во државата на граничен премин Деве Баир, посочија од Царинската управа.

„При извршената контрола во делот на просторот за багаж на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер). Автобусот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи“, велат од Царинската управа.

Биле запленети и над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен од мобилен тим по извршена детална контрола на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки во Царинска испостава 1014.

Во друг случај се запленети 75 комплети тренерки со ознаки на заштитена трговска марка кои се пронајдени во камион со турски регистарски таблички, натоварено со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово. Делото за повреда на права од интелектуална сопственост е откриено од царински службеници на влез во државата на граничниот премин Дојран.

Фотоапарат SONY A7III со објектив SONY FE24 MM F1.8GM и компјутер за видео-игри AORUS, со вкупна вредност од 345 илјади денари, се пронајдени на задното седиште на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце. Лицето сакало да ги шверцува во државата без да плати давачки во износ од 57 илјади денари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски државјанин во товарно возило со норвешки регистарски таблички сакал да криумчари четири алуминиумски бандажи и пар фарови за товарно возило, преку граничниот премин Ново Село, извести Царинската управа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија  ВИДЕО Алек Болдвин повторно ги изгуби нервите на улица: Се закани дека ќе му го „скрши вратот“ на комичарот
Следна Статија Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пожар во свињарска фарма, угинаа животни, а неколку луѓе добија лекарска помош

На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во…

January 18, 2026
ХРОНИКА

Д-р Станков: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо…

February 25, 2026
ХРОНИКА

Финансиска полиција поднесе кривична против бизнисмен, го оштетил буџетот на државата за 11 милиони денари

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител…

January 22, 2025
ХРОНИКА

Трпението не ни е јака страна: По кавга во сообраќај маж бил претепан,му го скршиле и ретровизорот

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Д.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.10 часот на подрачјето на Центар, по…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?