Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 300.000 пензионери ќе се израдуваат – Мартовските пензии повисоки за 2.500 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Над 300.000 пензионери ќе се израдуваат – Мартовските пензии повисоки за 2.500 денари
ЕКОНОМИЈА

Над 300.000 пензионери ќе се израдуваат – Мартовските пензии повисоки за 2.500 денари

Објавено February 26, 2025 13:43
Сподели
Сподели

Пензионерите веќе во април ќе земат повисоки пензии. Ветените 2.500 денари зголемување на пензиите за сите пензионери како во септември, така и во март ќе се реализираат со законско решение.

Со законски измени кои се доставени веќе во Собранието се предлага нов раст на пензиите во износ од 2.500 денари од 1 март 2025 година.

Во Македонија задолжителното пензиско и инвалидското осигурување како област е уредено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој ја уредува методологијата на усогласување на пензијата. Член 18 став (3) ја става вон сила системската одредба од Законот во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. Во овој период пензиите се зголемуваат во фиксен износ од 2.500 денари на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година, се наведува во предлог измените. 

Растот на пензиите го потврди и премиерот Христијан Мицкоски. 

– Во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април. Со што се заокружува она ветување, дека во првата година, линеарно пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Ние за девет месеци еве тоа ќе го направиме, и мислам дека пензионерите се задоволни од оваа мерка, и мислам дека на некој начин успеваме тие пензионерски денови да ги олесниме како Влада, и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300.000 пензионери ќе го добијат тоа покачување со мартовската пензија, објасни премиерот во неодамнешна изјава. 

За 2025 година, во Буџетот се предвидени 105,5 милијарди денари за исплата на пензиите.  

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Очекувам да биде избран обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не на владата на СДСМ и ДУИ
Следна Статија Мицкоски: Когенеративни гасни електрани преку проектот на „Казанчи Холдинг“ ќе го намалат загадувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто…

April 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Colorado жител бара надоместок од нафтените компании поради загадено гориво

Лансе Страит е еден од стотиците луѓе чиј автомобил е оштетен по точењето гориво на бензинска станица во Паркер

January 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет

Зајакнување на комуникацијата и соработката од областа на макроекономските движења и макроекономската рамка, размена на податоци, анализи и други релевантни…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бројот на вработени лица во Македонија бележи намалување!

Бројот на невработени лица во второто тримесечје од 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со првото тримесечје…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?