Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во куќа во Брчко пронајдени 31 дете, меѓу нив и помладо од една година – уапсени три лица под сомнение за трговија со луѓе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во куќа во Брчко пронајдени 31 дете, меѓу нив и помладо од една година – уапсени три лица под сомнение за трговија со луѓе
БАЛКАН

Во куќа во Брчко пронајдени 31 дете, меѓу нив и помладо од една година – уапсени три лица под сомнение за трговија со луѓе

Објавено February 26, 2025 18:12
Сподели
Сподели

Полициски службеници пронашле 31 дете во една куќа на подрачјето на дистрикт Брчко, БиХ, меѓу кои и помладо од една година. Уапсени се три лица под сомнение за трговија со луѓе.

Како што пренесува порталот кликс.ба, пронајдените деца се со хрватски пасоши и згрижени се на безбедно место. Акцијата е изведена по налог на обвинителството и во соработка со Службата за социјална заштита и Црвениот крст.

„Во рамки на досегашните активности, уапсени се три лица поради основано сомнение дека сториле кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца и запуштање или злоставување на дете. Истрагата за наведениот случај е во тек“, се вели во соопштението на полицијата.

Децата ги чувала жена, веројатно државјанка на Италија. Покрај неа, уапсен е и државјанин на БиХ и негов син.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ се извини за соопштение пратено до медиумите
Следна Статија Како да ги одвикнете децата од консумирање слатка храна?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Излезна анкета: Милановиќ освои 51,48 отсто од гласовите

Хрватските телевизии ги објавија резултатите од првите излезни анкети спроведени од Ипсос. Според излезните анкети, актуелниот претседател и кандидат на…

December 29, 2024

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време), грчките земјоделци и денеска ќе…

January 9, 2026
БАЛКАН

Додик се закани дека ако биде осуден, Република Српска ќе се отцепи од БиХ

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, во изјави дека доколку биде осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник на…

January 9, 2025
БАЛКАН

Дали Србинката Ана е убиена од сопругот Брајан Волш- телото не е најдено, а ДНК резултатите ќе бидат готови наскоро

Судењето на Брајан Волш, обвинет за убиството на Ана Волш од Белград, беше одложено за 2 декември, бидејќи одбраната бараше…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?