Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рикер: Македонија немала подобар пријател од САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рикер: Македонија немала подобар пријател од САД
МАКЕДОНИЈА

Рикер: Македонија немала подобар пријател од САД

Објавено February 27, 2025 16:39
Сподели
Сподели

„Северна Македонија немала подобар пријател од Соединетите Американски Држави на меѓународна сцена. Бевме ангажирани во минатото и ќе бидеме во иднината на Северна Македонија, што е најважно, низ многу администрации. Мислам дека е прекрасно да се види дека премиерот Христијан Мицкоски, за релативно краток временски период откако тој и неговата влада ја презедоа власта, воспоставија толку добри, цврсти односи со САД, вклучително, се разбира, и со новата администрација во Вашингтон“.

Ова, во интервју за Гласот на Америка, го оценува поранешниот помошник – државен секретар на САД и поранешен американски амбасадор во Скопје Филип Рикер, коментирајќи ја неодамнешната посета на македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Вашингтон и неговото обраќање на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC).

Според Рикер, двете земји имаат извонредни односи, како и секогаш. – Ангажманот на премиерот, без разлика дали е овде во Вашингтон за време на неговите посети, е клучен за двете страни од Атлантикот, изјави американскиот дипломат.

Тој потсети дека разговарал со Мицкоски во Минхен на Конференцијата за безбедност, што беше важна можност за Балканот, како и за пошироките трансатлантски прашања.

Прашан дали новата администрација на претседателот Доналд Трамп може да помогне да се придвижи македонската евроинтеграција или за нови нови инвестиции на САД во Македонија, Рикер посочува дека американските инвестиции се одвоени од владата.

– Очигледно, она што е важно – е создавање инвестициски амбиент во Северна Македонија што ќе биде атрактивен за инвеститорите во САД, а има програми на американската влада кои можат да ги поддржат и помогнат оние напори што беа дел од помошта за Северна Македонија и другите земји во регионот за да им помогнеме да го заживеат економскиот развој. Се разбира, членството во ЕУ одамна е политички приоритет за Соединетите Држави. Тоа се однесува на земјите од Западен Балкан. Многу паметно и брзо се движевме кон членството во НАТО, што мислам дека беше клучно. А членството во НАТО, се разбира, е многу важен аспект од она што ја прави Северна Македонија привлечна за странски инвестиции. Безбедноста е најважна за економскиот развој и просперитет, вели Рикер.

Според поранешниот американски амбасадор во Скопје, важни се добрите односи меѓу две земји, затоа што САД се огромна глобална сила, најголемата економија во светот, основач на НАТО.

– Трансатлантските односи се приоритет и мислам дека премиерот Мицковски и неговиот тим одлично работат на одржување и зајакнување на тие односи. Целта за влез на Северна Македонија во Европската Унија останува приоритет, изјави Рикер.с

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин: Контактите со САД влеваат надеж, западните елити се решени да го нарушат дијалогот
Следна Статија Вреди прашува кој го штити

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите изнесе серија забелешки за работата на Обвинителството…

December 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Студено утро, сончево и потопло во текот на денот

Најстудено утрово е во Берово со нула степени и во Лазарополе со еден, а најтопло во Гевгелија девет степени. Во…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Спречен е нелегален увоз на над 40 тони јајца од Србија

Над 40 тони необележени јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла, откако инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

March 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител истакна коментирајќи ги тврдењата на Жан Митрев…

February 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?