Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Странските директни инвестиции во 2024 година изнесуваат 1,255 милијарди евра, највисок износ во четвртиот квартал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Странските директни инвестиции во 2024 година изнесуваат 1,255 милијарди евра, највисок износ во четвртиот квартал
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Странските директни инвестиции во 2024 година изнесуваат 1,255 милијарди евра, највисок износ во четвртиот квартал

Објавено February 28, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Странските директни инвестиции во 2024 година во земјава изнесуваат 1,255 милијарди евра, што е двојно повеќе во однос на минатата година, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес – конференција во Владата повикувајќи се на податоците на Народната банка.

Според министерката, странските директни инвестиции го надминале и рекордното ниво од 2022 година за 70 отсто.

При тоа е значајно дека растот на СДИ е изразен не само во апсолутни износи, туку и како учество во БДП. Така во однос на проектираниот БДП за 2024 година, реализираните СДИ изнесуваат 8,1 отсто, што е највисок износ уште од 2007 година. Поконкретно за споредба, во целиот 15-годишен период 2008-2023 година, СДИ ниту еднаш не надминаа шест проценти од БДП. На овој начин потврдуваме дека ја менуваме економската слика за државата која со години беше девастирана и покажуваме дека системот се менува и има промени и работиме на враќање на довербата во системот, рече Димитриеска – Кочоска.

Највисок износ на СДИ во 2024, нагласи, е забележан во четвртиот квартал, кога изнесуваа скоро 400 милиони евра, односно за 73,3 отсто повеќе во споредба со претходната година.

Во однос на видот на инвестиција, СДИ бележат рекордно високи износи кај двата вида: сопственички капитал и реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Сопственичкиот капитал и реинвестирањето на добивката во 2024 година изнесуваа 569 милиони евра, што е раст од 38,4 проценти во однос на претходната година. Висок раст бележат и должничките инструменти, коишто ги опфаќаат средствата и обврските од и кон поврзаните претпријатија во странство, и тоа заемите на меѓусебно поврзаните субјекти, трговските кредити и аванси на меѓусебно поврзаните субјекти, како и средствата и обврските врз основа на останатите должнички инструменти на меѓусебно поврзаните субјекти. Оваа категорија е всушност и главен двигател на високиот раст на СДИ, со реализирани 686 милиони евра, износ кој е четири пати повисок во споредба со претходната година. Во најголема мера, растот кај должничките инструменти е резултат на должничките инструменти вложени од страна на странските директни инвеститори во домашните претпријатија во кои инвестирале, истакна министерката за финансии.

Најголем износ на СДИ од 256 милиони евра, додаде, се реализирани од Обединетото Кралство, при што речиси сите се во форма на должнички инструменти дадени од британските директни инвеститори во домашните претпријатија во кои инвестирале. Друга земја со забележително учество е Германија, која и покрај состојбата во нејзината економија и понатаму има висок интерес за инвестиции во Македонија, потоа следуваат Турција, Холандија, Австрија, Грција…

Најголем дел од странските инвестиции, како што истакна, се во производството, 408 милиони евра. Значително ниво на инвестиции било реализирано и во градежништвото, услугите и кај електричната енергија.

Ваквиот тренд очекуваме да продолжи и во 2025 година. Инвестициите се нашата база на која ги креираме политиките за раст на економијата, која е основата за подобрување на состојбите во земјата, вклучително и стандаредот на граѓаните. Пред нас е многу работа, затоа што она што го наследивме бара многу напори и време за да се стабилизираат состојбите, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: БСС „Волци“ се херои и храбри лица кои се максимално посветени кога се работи за Македонија
Следна Статија Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација

На годишниот состанок на регионалниот проект за техничка помош во областа на финансиската едукација, поддржан од ОЕЦД и Министерството за…

October 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе му понуди нула царини на Трамп – Ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот

Македонија може да ги намали и до нула царинските стапки за САД, бидејќи трговската размена со нив е многу ниска.…

April 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почнува зимскиот ред на летање, 10 нови дестинации

Зимскиот распоред на летови за 2025/26 година стапува во сила викендов. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49…

October 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Данокот од Тему ќе донесе месечен прилив од 65 илјади евра

Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?