Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
СВЕТ

Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка

Објавено March 1, 2025 09:18
Сподели
Сподели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка.

Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе таква одлука, истакна Зеленски.

Сенаторот Греам синоќа го критикуваше Зеленски по неговата караница со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Греам истакна дека Зеленски „или треба да поднесе оставка и да испрати некого да работиме со нас, или треба да се смени“.

Во меѓувреме, демократите во Конгресот му изразија поддршка на Зеленски.

Поддршка за Зеленски уследи и од украинската армија и од Украинците.

Главниот командант на украинската армија Олександр Сирски изјави вечерва дека војниците на земјата го подддржувааѕт претседателот Зеленски.

Вооружените сили се со Украина, со народот, со врховниот командант (Зеленски). Нашата сила е во единството, напиша Сирски на социјалните мрежи откако Зеленски ја напушти Белата куќа без потпишан договор со САД, и откако Трамп го обвини за „неблагодарност“ и „непочитување“ за време на разговорот.

Сириски додаде „продолжуваме да го уништуваме окупаторот и да се движиме кон победа“.

Поддршка уследи и од премиерот на Украина, Денис Шмигал, кој на Икс објави дека „Прекин на огнот без гаранции е пат кон руска окупација на целиот европски континент“.

Почит за претседателот за неговата храброст и за одбраната на честа на нашиот народ кој ја плати својата слобода со својата крв, напиша на Икс украинскиот вицепремиер Михаил Федоров.

И Украинците на интернет го поддржаа Зеленски.

Навистина историски ден. Целиот свет во живо виде како човек од земја разурната од војна им се спротивставува на двајца насилници, објави еден Украинец на социјалните мрежи, алудирајќи на Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Додека друг Украинец на Фејсбук наведе дека „Русија долго време ќе се радува на оваа средба“.

Во нашите најлоши кошмари, никогаш не ни замислувавме дека американскиот претседател вака ќе ни зборува. Чувството е како заседа. Намерно понижување, посочи тој. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пелистер ги загуби сите шанси во ЛШ
Следна Статија Денешниот студентски протест е во Ниш, ќе трае до 3 часот по полноќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Легендарниот Чарли Кирк е мртов“ – се огласи Трамп

Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или го немаше срцето на младите во…

September 11, 2025
СВЕТ

Орбан: Брисел е во големи проблеми, бара нови средства за Украина

Брисел се соочува со големи проблеми, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, велејќи ѝ на претседателката на Европската комисија Урсула фон…

November 18, 2025
СВЕТ

Израел: Нема да ги ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

Израел денеска објави дека го одложува ослободувањето на стотици палестински затвореници додека милитантната група Хамас не ги исполни своите услови.…

February 23, 2025
СВЕТ

Фицо: Украина нема да стане членка на НАТО се додека сум јас премиер

„Се додека сум на чело на словачката влада, ќе им наложам на пратениците кои се под моја контрола како претседател…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?