Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УКИМ почнува со дигитализација на сите студентски сервиси, за воведување електронски индекс ќе бидат потребни година и пол, вели ректорката Биљана Ангелова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > УКИМ почнува со дигитализација на сите студентски сервиси, за воведување електронски индекс ќе бидат потребни година и пол, вели ректорката Биљана Ангелова
МАКЕДОНИЈА

УКИМ почнува со дигитализација на сите студентски сервиси, за воведување електронски индекс ќе бидат потребни година и пол, вели ректорката Биљана Ангелова

Објавено March 3, 2025 14:50
Сподели
Сподели

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ овој месец почнува со целосна дигитална трансформација. Најпрво ќе ги дигитализира сите студентски сервиси и планот е до почетокот на учебната 2025/2026 основните сервиси да бидат целосно завршени, а процесот ќе биде заокружен со воведувањето електронски индекс.

Ова е процес што ќе трае. Мојата претпоставка е дека во текот на една година или година и половина, овој процес може да се заокружи, но УКИМ влегува во овој процес и тоа е наш приоритет, изјави ректорката на Скопскиот универзитет Биљана Ангелова.

Како што рече, втор приоритет на кој работат е квалитетот на Универзитетот – квалитетот на наставата и на истражувањата.

Двата процеса се клучни. Целиот фокус во наредниот период ќе биде на тие две работи. Очекуваме дека од дигитализацијата и од подобрувањето на управувањето со квалитетот ќе имаме и подобрување на рангот на самиот универзитет, изјави Ангелова пред отворањето на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ која денеска ја организираше Сојузот на синдикати на УКИМ по повод пет години од неговото основање.

Во однос на огромниот број студиски програми на факултетите на УКИМ, ректорката посочи дека нивното кратење е поврзано со процесот на акредитација и ќе зависи од одредбите во новиот закон за високо образование. Очекува дека со него ќе се врати модуларноста на студиските програми што, рече, „само по себе подразбира дека ќе имаме помал број на студиски програми“.

Она што е сега расплинето во посебни студиски програми ќе биде компримирано во модулите во рамките на студиските програми. Тоа е, исто така, процес кој не зависи само од Универзитетот, туку и од самиот закон односно што точно ќе биде предвидено во новиот закон. Ние сега се уште работиме по старото законско решение од 2018 година. Токму и тоа предвидува расчленување на студиските програми на поголем број, зависно од тоа дали се тригодишни, четиригодишни, едногодишни, двегодишни – на втор циклус итн. Очекуваме дека со новиот закон ќе можеме да ги компримираме и со самото тоа да се стегне и да се намали бројот на студиските програми и да бидеме поефикасни. И секако, акредитираните студиски програми, тоа е прашање на акредитација, потребно е да заврши тој период и потоа да се утврди ефикасноста на постојните студиски програми, рече ректорката на Скопскиот универзитет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откопан гробот на Зоки Фаци
Следна Статија Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Средба Ѓорѓиевски – Иванов: Во фокусот Форумот за културна дипломатија „Форум Скопје“

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов. – Денес остварив…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на Богдан Илиевски тврди дека врз него се правел притисок од поранешната власт да ја…

January 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Двете лица на германскиот канцелар Олаф Шолц: Тој сака да се меша, ама не сака да му се мешаат

„Гласот за СДСМ, Ковачевски и за Пендаровски е глас за европската иднина на Македонија“. Ова, на 17 април минатата година…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директорот на „Дрисла“ на распит

По сомнежите за намерно палење на депонијата Дрисла во момнетот повикани се на разговор во СВР Скопје повеќе лица вработени…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?