Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наследникот на Коцевски мора да добие „виза“ од Советот на јавни обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Наследникот на Коцевски мора да добие „виза“ од Советот на јавни обвинители
МАКЕДОНИЈА

Наследникот на Коцевски мора да добие „виза“ од Советот на јавни обвинители

Објавено March 3, 2025 17:55
Сподели
Сподели

Владата не треба да добие позитивно мислење од Советот на јавни обвинители за да го разреши републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но за да именува обвинител на негово место до Собранието треба да предложи кандидат кој претходно треба да добие позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, пишува Слободен Печат.

Според Законот за јавно обвинителство, донесен во 2020 година, Владата треба да го испрати предлогот за разрешување на Коцевски до Советот на јавни обвинители, а Советот има рок од 15 дена да даде свое мислење.

Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини не достави мислење до Владата, рокот се продолжува за уште 15 дена. Ако и во овој рок Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата. Од Советот веќе изјавија дека ќе постапуваат согласно Законот, но сепак, какво мислење и да даде Советот на јавни обвинители, доколку власта го има потребно мнозинство за да изгласа недоверба кон Коцевски, републичкиот обвинител ќе биде разрешен.

За разлика од постапката за разрешување на обвинителот, за којашто мислењето на Советот не го менува епилогот, односно и со негативно мислење на Советот постапката во Собрание продолжува, при именувањето на обвинителот, новиот кандидат кој ќе го предложи Владата задолжително ќе треба да добие позитивно мислење од Советот на јавни обвинители. Законот предвидува обврска за Советот на јавните обвинители да даде мислење по предлог на Владата како за разрешување, така и за именување на јавниот обвинител, објаснуваат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Следствено на ова, Советот на јавните обвинители, откако ќе го прими барањето од Владата, има обврска во рок од 15 дена да достави образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот коишто ги исполнуваат условите согласно закон. Оттука, Владата до Собранието доставува предлог за именување јавен обвинител на РМ од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители на РМ дал позитивно мислење – објаснуваат оттаму.

Законот регулира уште две дополнителни ситуации. Доколку Советот на јавни обвинители од оправдани причини во рамки на овој рок од 15 дена не достави мислење до Владата, рокот се продолжува за уште 15 дена. Доколку не е доставено мислење ниту во овој продолжен рок, во тој случај се смета дека мислењето е позитивно.

Исто така, доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден до пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител на РСМ, по што има обврска да му предложи Собранието да го повтори огласот. Имајќи ја предвид претходно наведената постапка, позитивно мислење од Советот на јавни обвинители е задолжително – објаснуваат од Коалицијата толкувајќи го Законот.

Владата го испратила предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители во четвртокот, но од Советот нема информација дали стигнал до нив.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турските „Дубаи чоколада“ за „сиромашни“ се повлекуваат од БиХ
Следна Статија Цветановски: Се бараше изземање на обвинителот Пеливанов за пораките со Гури, Дисциплинската Комисија не е блокирана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зелник, макало, сарма, ајвар и пастрмка- Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања, „Тејст атлас“ (Taste Atlas) ја објави листата на 100 најдобри национални кујни во…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Савески – Костадиновски: Владеењето на правото бара дела, не декларации

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески денеска оствари работна средба со Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. На средбата беа…

April 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Министерството веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески во Струга

Министерот за култура Зоран Љутков вчера во Струга изјави дека Министерството за култура и туризам веднаш ќе почне со изработка на…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО

До нашата редакција пристигна фотографии од МРТВ каде што еден од двата лифта не работи пренесува Сител.  Во зграда која…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?