Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски

Објавено March 5, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Поведена е постапка против 10 осигурителни компании заради основано сомнение дека се здружиле во картал којшто е директно на штета на граѓаните и стопанството.

– Десетте осигурителни компании кои вршат услуги од областа на осигурувањето на територијата на Македонија, во месец април 2024 година, преку усогласено однесување ја замениле состојбата на непречена конкуренција на релевантниот пазар со состојба на практична соработка помеѓу претпријатијата, чија цел е нарушување на конкуренцијата, преку зголемување на продажната цена на премијата/процентот за вршење на дејноста на осигурување (режиски додаток), што е дел од премијата за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица и задолжително се плаќа при регистрацијата на моторни возила, информираа од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Заради целосно документирање на случајот и покренување на прекршочна постапка, Комисијата за заштита на конкуренцијата извршила увиди во службените простории на осигурителните компании, вклучително и увиди во нивната меѓусебна комуникација при што се пронајдени докази дека одлуката за зголемување на цените на премијата за автоодговорност е донесена како резултат на усогласено однесување – картал.

Доколку по завршување на прекршочната постапка се потврди постоењето на прекршок, против десетте осигурителните компании ќе бидат изречени казни заради сторениот прекршок.

Случајот денеска го коментираше и премиерот Христијан Мицкоски, кој бил информиран од страна на директорката на Комисијата.

– Ме информираше директорката на Комисијата за заштита од конкуренција и мислам дека таму ќе ви дадат подетални информации. Некои информации за мене се навистина непријатно изненадувачки, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на општина Илинден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Бизнисот е гладен, сака развој и свежи пари
Следна Статија Извршени распит и претрес на Сашо Дранго, се вештачи и мобилниот телефон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Четири телевизии го прекршиле изборниот молк на повторените локални избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска излезе со официјална потврда дека четири национални медиуми ги прекршиле законските…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура

За мене претставува задоволство и чест, што денеска на покана на градоначалникот овде во Општина Брвеница имам можност да присуствувам…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски на меѓународен симпозиум по повод 63-годишнина од Уставниот суд на Република Турција

 Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и шефот на кабинетот Екрем Халимовски, вчера и денеска во Истанбул учествуваат на Меѓународен…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?