Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер

Објавено March 7, 2025 10:09
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава.

Обајцата се потсетија на заедничките почетоци на евроинтеграцијата пред дваесет години, но со целосно различен исход.

За претседателката, хрватското евроинтеграциско искуство е релевантна лекција за нас и Хрватска, како наш докажан пријател може многу да ни помогне со научените лекции во процесот на евроинтеграцијата.

Таа ја истакна нашата готовност да се фатиме во костец со Копенхагенските предизвици, доколку не бидеме заглавени во бесмислените билатерални спорови, што се реална закана не само за нас и регионот, туку и за проширувањето на ЕУ.

Претседателот на Саборот на Хрватска изрази став дека заканата со вето од соседите не е фер и дека Хрватска ќе остане наш верен пријател со големо разбирање и поддршка за нас.

Претседателката и претседателот на Хрватскиот Сабор ја потенцираа грижата за македонското малцинство во Хрватска и хрватското во Македонија, коишто прераснале во цврсти мостови на заемна доверба и соработка.

На средбата стана збор за драматичните промени во светскиот поредок, како и за ранливата безбедносна состојба во европски и светски рамки со заложба за трајно руско-украинско мировно решение.

Средбата заврши со согласност да продолжат, да се прошират и продлабочат македонско-хрватските односи во сферата на политиката, економијата, културата, туризмот и спортот.

Претседателката испрати топли поздрави до претседателот на Хрватска кого го очекува во државна посета во мај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп оди во Саудиска Арабија, сака договор од трилиони долари
Следна Статија (Видео) Дончиќ и Леброн го поништија учинокот на Брансон – Лејкерси го победија Њујорк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“: ‒ за храбриот придонес во конституирањето на…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите

Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите, објави во 24 анализа државниот…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија и САД прославија 30 години дипломатски односи

Македонија и САД ја прославија 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на свеченост одржана во „Клубот на пратеници“. Министерот за надворешни…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Градски воз, еколошки автобуси и трамвај, три клучни проекти на кои работиме за Скопје

Градски воз, замена на автобусите и трамвај, се трите проекти кои му се неопходни на Скопје за значително подобрување на…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?