Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојкоски: Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стојкоски: Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто
ЕКОНОМИЈА

Стојкоски: Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто

Објавено March 7, 2025 12:29
Сподели
Сподели

Осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени на 15 дена поради непочитување на владините мерки за маржите.

Како што соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, кај овие правни субјекти контролите утврдиле маржи до 70 отсто.

Според Стојкоски, освен клуч на врата, тие ќе бидат и парично казнети.

-Се работи на уште 30 предмети во кои се опфатени сите големи маркети. Инспекторите се постојано на терен, контроли спроведуваме континуирано и така ќе продолжиме, информира директорот на прес-конференција.

Сепак, неговата генерална оценка е дека мерките на Владата се почитуваат.

Од 24 февруари до 6 март се извршени 365 надзори во трговијата на мало и 64 во трговијата на големо со што се опфатени над илјада малопродажни и големопродажни места. Притоа се констатирани вкупно 36 неправилности и се издадени прекршочни платни налози од 42 000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палевски: Не ме плаши доживотната робија, ниту влијае на мене – пресудата е нарачана и веќе донесена
Следна Статија Мицкоски задоволен од растот на индустриското производство: Очекувам трендот на раст на БДП да продолжи и не би се изненадил доколку дојдеме до раст од 4% до 4,5%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Поскапување: Горивата со нови цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цените на нафтените деривати се зголемуваат од полноќ. Согласно одлуката, малопродажната цена…

January 13, 2025

Клучни анализи на Вол Стрит: Големите технолошки компании под лупа

Преглед на најновите препораки и проценки на водечки финансиски аналитичари

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните се „дават“ во кредити, за што најмногу се задолжуваат?

Македонските граѓани најмногу се „заглавени“ во потрошувачки и станбени кредити. Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?