Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова медицинска опрема и реновирање на оддели на Клиниката за инфективни болести
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нова медицинска опрема и реновирање на оддели на Клиниката за инфективни болести
ЗДРАВЈЕ

Нова медицинска опрема и реновирање на оддели на Клиниката за инфективни болести

Објавено March 7, 2025 18:19
Сподели
Сподели

Клиниката за инфективни болести доби реновиран и реконструиран оддел за лекување на инфективни заболувања на централниот нервен систем и интензивна нега, со современа медицинска апаратура која ќе овозможи брза и точна дијагностика. Оваа инвестиција е значаен чекор за подобрување на условите за нега на пациентите и работа на медицинскиот персонал.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека е задоволен од унапредувањето на здравството, посебно на инфективната клиника, и нагласи дека реновирањето на два оддела е клучно во моментот кога се реконструираат и други клиники. Според него, новата опрема за молекуларна дијагностика и напредни алатки за бронхоскопија и гастроскопија ќе овозможат пациентите да се третираат локално, наместо да се упатуваат на други локации.

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, потврди дека клиниката била важен столб за време на ковид кризата и дека системот ќе продолжи да работи на унапредување. Раководството на клиниката истакна дека има недостиг на медицински персонал, но очекуваат нови вработувања во соработка со министерството.

Министерот Таравари најави обуки за нови специјалисти и буџетски средства за надминување на дефицитот на доктори во јавните здравствени установи. Тој исто така потврди дека се работи на решение за паркингот на клиничкиот центар, кој ќе функционира со одредена фирма следните 7-8 години, а се разгледуваат и можни решенија за катните гаражи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема криза за нив: Бројот на мултимилионери во 2024 година се зголемил за 4,4 отсто
Следна Статија Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Поранешен агент на ФБИ тврди: Коронавирусот излегол од лабораторијата во Вухан

Џејсон Банан, доктор по микробиологија и поранешен висок научник во ФБИ, изјави за дека ФБИ утврдил оти вирусот Ковид-19, причината…

December 28, 2024
ЗДРАВЈЕ

Обратете внимание: Предупредувачки знаци дека вашето тело е преоптоварено со токсини

Хипократ уште во антички времиња тврдел дека сите болести почнуваат во цревата, а иако тековите на медицината значајно се имаат…

April 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година

Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и…

April 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Dove гелот за туширање повлечен од пазарот

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласирани на единствениот пазар на ЕУ, ги информира…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?