Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Невремето во Австралија предизвика хаос, има загинати и повредени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Невремето во Австралија предизвика хаос, има загинати и повредени
СВЕТ

(ВИДЕО) Невремето во Австралија предизвика хаос, има загинати и повредени

Објавено March 8, 2025 18:14
Сподели
Сподели

Едно лице загина, а 36 се повредени во поплавите на источниот брег на Австралија.

Полицијата потврди дека 61-годишен маж кој исчезна во поплавите во близина на градот Дориго во Нов Јужен Велс е првата жртва на катастрофата, пренесе АП

Поплавите на источниот брег ќе продолжат во областа уште неколку дена, соопштија денеска властите. Премиерот на Квинсленд, Дејвид Крисафули, изјави дека 330.000 домови и деловни објекти останале без струја од четвртокот поради невремето, што е најголемиот регистриран прекин на струја во историјата на државата.

Нов Јужен Велс рече дека дури 45.000 имоти ја загубиле електричната енергија до денес.

Реките во Квинсленд и Нов Јужен Велс се поплавуваат по повеќедневните обилни врнежи, соопшти Бирото за метеорологија.

Тропскиот циклон Алфред, кој требаше да биде првиот циклон што ќе го премине австралиското крајбрежје во близина на Бризбејн од 1974 година, денеска ослабна до ниво на „тропска бура“, што значи ветрови со брзина помала од 63 километри на час.

Метеоролозите очекуваат дека бурата ќе продолжи да се движи кон запад низ континентот во наредните денови. Поради лошите временски услови, неколку воени лица се повредени во судир на два воени камиони вклучени во итна реакција во Нов Јужен Велс.

Според пишувањата на медиумите, повредени се 36 лица, од кои осум потешко, додека две лица останале заробени во камионите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата
Следна Статија (ВИДЕО) Брутално убиени познат рапер и неговата ќерка, во нив се испукани 20 куршуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Како руските дронови завршија во Полска? Украинците објавија мапа на целите на еден од најмасовните напади на Москва

Украинска веб-страница што анализира разузнавачки податоци објави мапа на која наводно се прикажани рутите на воздушните напади што ги користела…

September 10, 2025
СВЕТ

Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија

Индиските власти соопштија дека се пронајдени 204 тела од уривањето на патнички авион на Ер Индија што се случи кратко…

June 12, 2025
СВЕТ

Казна од 60 евра за оние кои прерано ќе ги откопчаат безбедносните појаси: Турција воведува ново правило

Патниците што летаат за Турција кои ќе ги откопчаат безбедносните појаси и ќе излезат од седиштето пред слетувањето, сега се…

May 23, 2025
СВЕТ

Трамп од утре воведува високи царини за увоз од Кина, Канада и Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп од утре ќе воведе нови царини за увоз од Канада, Мексико и Кина, соопшти Белата куќа.…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?