Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп од утре воведува високи царини за увоз од Кина, Канада и Мексико
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп од утре воведува високи царини за увоз од Кина, Канада и Мексико
СВЕТ

Трамп од утре воведува високи царини за увоз од Кина, Канада и Мексико

Објавено January 31, 2025 21:03
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп од утре ќе воведе нови царини за увоз од Канада, Мексико и Кина, соопшти Белата куќа.

Секретарот на Белата куќа на брифинг за медиумите потврди дека ќе се придржува до крајниот рок од 1 февруари за воведување нови царини кои би можеле да имаат големо влијание врз економијата, објави Си-Ен-Ен.

Таа рече дека царината од 25 отсто ќе важи за Мексико и Канада, додека за Кина таа би била 10 отсто.

Да потсетиме, Трамп претходно им рече на новинарите во Белата куќа дека наскоро ќе донесе одлука за царините за нафта.

Трамп нагласи дека неговата одлука ќе се заснова на тоа дали цената на нафтата што ја наплаќаат двата трговски партнери е праведна.

Според Управата за енергетски информации, САД увезувале речиси 4,6 милиони барели нафта дневно од Канада во октомври и 563.000 барели од Мексико. Дневното производство во САД во тој месец во просек изнесувало речиси 13,5 милиони барели дневно.

Трамп вчера рече дека земјите од БРИКС ќе треба да се обврзат на Соединетите држави да не создаваат нова валута за блокот да го замени американскиот долар, во спротивно ќе се соочат со царини од 100 отсто.

Трамп, исто така, претходно ги предупреди земјите од БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – да не бараат да го заменат доларот како светска валута.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Астронаутите заробени на МВС, излегоа на прва заедничка вселенска прошетка
Следна Статија По смртта на Фросина, Стојаноски најавува законски измени: Поголеми казни и да не може еден судија да толкува на еден, а друг на друг начин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ТРАМП ИЗБРА БОГАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Сите милијардери на претседателот милијардер тежат повеќе од БДП на 169 земји

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп е меѓу најбогатите Американци кои биле избрани на таа функција во САД. За време на неговиот…

December 6, 2024
СВЕТ

(Видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди…

October 5, 2025
СВЕТ

Орбан: Ќе ја тужиме ЕУ поради забраната за увоз на руски гас

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека неговата влада ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката од минатиот месец за постепено…

November 14, 2025
СВЕТ

Бил Гејтс донира 912 милиони долари во борбата против три болести

Фондацијата Гејтс ќе донира 912 милиони долари на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, објави Бил Гејтс,…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?