Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Василевска: ДУИ сака да се прикажува како жртва, а во суштина сака да го злоупотреби системот и државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Василевска: ДУИ сака да се прикажува како жртва, а во суштина сака да го злоупотреби системот и државата
ПОЛИТИКА

Василевска: ДУИ сака да се прикажува како жртва, а во суштина сака да го злоупотреби системот и државата

Објавено March 9, 2025 13:34
Сподели
Сподели

Македонското општество покрај оние наметнати проблеми со коишто се соочува, економската егзистенција, политичката стабилност, многу други прашања кои се од културолошки аспект итн., има проблем со два клучни столба со кои ние ако сакаме сериозно да направиме рестарт во општеството и да го подигнеме нивото на политичка култура и на општествен, економски и политички развој ќе мора да се справиме, тоа е позитивната дискриминација и негативната селекција“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ насловена „Жените во домашната и меѓународната политика“.

Василевска продолжи и додаде:

„Погледнете овие 20 години колкава инфлација на незаслужени купени академски дипломи имаме. Еве некој да се обиде да направи статистика во државната и јавната администрација колку од овие дипломи се внатре во административниот организам и дури и раководни места заземаат итн., и сето тоа влијае на паѓањето и на ентузијазмот но, и на разбирањето што значи самата диплома е тоа е негативната селекција“, вели Василевска.

Василевска во однос на позитивната дискриминација истакна дека таа не секогаш нуди квалитетен резултат.

„Понатаму позитивната дискриминација се однесува на квотите коишто ја застапуваат етничката припадност која не секогаш нуди квалитетен резултат, значи апсолутно сметам дека сите етнички заедници во Македонија според Уставот мора да имаат еднаква застапеност и присуство и да имаат шанса на пазарот на трудот и секаде каде имаат желба да се натпреваруваат да бидат дел од истиот систем“, кажа Василевска.

Василевска потенцираше дека случувањата кои ДУИ ги лиферува како закани во јавност се злоупотреба на нивната политичка моќ.

„Одредените случувања кои сега опозициската ДУИ ги лиферува како повторно закани во јавноста, тоа е така затоа што во времето на претходното владеење на СДС и ДУИ колку луѓе се вработени во државната и јавната администрација и колку од нив реално воопшто одат на работа, а да не кажам колку од овие нивни членови земаат на пример пензии оттука, а работат некаде во странство итн., колку злоупотреби се направени од страна на политичката моќ и политичката волја на искористување на државните добра за кои сите ние поединечно плаќаме данок и сме даночни обврзници“, укажа Василевска.

Василевска продолжи и додаде:

„Во услови кога имате трибалистички однос кон политиката и кога сакате да создадете еден впечаток врз основа на коишто ќе се прикажувате постојано како жртва, а во суштина ќе го злоупотребувате тој систем тогаш тоа е позитивна дискриминација и ние тоа истото го најавивме и во изборната програма минатата година со укинувањето на балансерот и со воспоставување на правичен и фер пристап на сите македонски граѓани“, заклучи Василевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Линијата на фронтот на Украина ќе се сруши ако го исклучам „Старлинк“
Следна Статија Пукање пред Белата куќа: Тајната служба застрела вооружен маж

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на Филипче се само празна реторика

СДС е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните…

November 9, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот во ОАЕ

Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот во Обединетите Арапски Емирати,…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Сериозно работиме за формирање на една индустриска зона во Росоман

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот народен митинг одржан во општина Росоман во рамки на изборната кампања…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали Јавното обвинителство го крие во фиока, затоа што штитат функционери…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?