Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Џемали Саити в.д. претседател на Врховен суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Џемали Саити в.д. претседател на Врховен суд
МАКЕДОНИЈА

Џемали Саити в.д. претседател на Врховен суд

Објавено March 10, 2025 17:55
Сподели
Сподели

Судскиот совет на денешната седница со 10 гласа „за“ и два „против“ го определи судијата Џемали Саити за в.д. претседател на Врховниот суд, до изборот на новиот претседател за што постапката е во тек. Саити ќе ја врши функцијата од 13 март.

Како што беше посочено, согласно евиденцијата со која располага Судскиот совет, на актуелната претседателка на Врховниот суд Беса Адеми и престанува мандатот на 12 март годинава, а во тек е постапка за избор на нов претседател на Судот која се уште не е завршена, поради што е потребно да се изврши избор на вршител на должноста претседател на Судот.

Ханиф Зендели го предложи Саити за в.д. претседател на Врховниот суд од причини што актуелната претседателка Беса Адеми и Ариф Фидани се кандидати за претседатели на овој Суд, па смета дека тие не би требало да бидат именувани за вршители на должност со цел да не се сфати дека некој од нив се фаворизира за понатамошниот тек од постапката.

Претседателот на Судски совет Александар Камбовски за в.д. ја предложи актуелната претседателка на Врховниот суд бидејќи според него таа добро ја извршувала функцијата и смета дека не би имало некоја пречка да продолжи како в.д. до изборот на новиот претседател на овој Суд.

Членот на Судскиот совет Весна Дамева побара и беше изземена да постапува по оваа точка поради, како што наведе, исклучување на можност за судир на интереси, бидејќи пред Врховен во тек е постапка за фирма во која одговорно лице е нејзиниот сопруг, а во која учествува Совет од пет судии, можно е да се најде како предлог и еден од тие судии кои постапуваат во овој предмет.

Поради исклучување судир на интереси, Дамева побара да биде сменета и од местото член и претседател на Комисијата за избор на претседател на Врховниот суд. На нејзино место е именувана Тања Чачарова Илиевска.

Согласно законот, во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседател на суд до изборот на нов, Судскиот совет определува вршител на должноста кој во последната година е оценет со највисока позитивна оценка и во однос на останатите судии има најмногу бодови.

Судскиот совет на денешната седница донесе и Одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Васил Батковски, судија на Апелационен суд Битола.

Со оглед дека Баткоски е и в.д. претседател на Основниот суд Охрид, членовите на Судскиот совет на негово место го определи Бојан Мартиновски, судија на Основниот суд Охрид, кој има највисока оценка на листата на судии од овој суд.   

Судскиот совет утре има закажано нова седница, а за утре во Собранието на Република Северна Македонија на дневен ред се интерпелациите на пет члена на Судскиот совет

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По Гранде Панда пристигнува и „Пандисима“
Следна Статија Полициска акција против трговците со сомнителен мазут, разоткриена мрежа на увозници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе биде говорник на Конференцијата на конзервативната политичка акција во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски кој е во САД на својот Фејсбук профил најави дека ќе биде говорник на Конференцијата на конзервативната…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДУИ ја осудува трагедијата во Кочани, бара праведна и транспарентна истрага

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да се реши хаосот со ЈСП: Владата обезбеди нафта од државните резерви

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сите основни училишта ќе добијат примерок од македонскиот Правопис

 По иницијатива на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во соработка со НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, почнува акција за…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?