Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска се одбележуваат 82 години од холокаустот на македонските Евреи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска се одбележуваат 82 години од холокаустот на македонските Евреи
МАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележуваат 82 години од холокаустот на македонските Евреи

Објавено March 11, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во рамки на одбележувањето 82 години сеќавање на холокаустот на македонските Евреи, денеска во Скопје, ја организираат централната комеморативна активност со оддавање почит пред Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во скопскиот Монопол.

Свои обраќања по тој повод, како што најавуваат организаторите, ќе имаат претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, амбасадорката на Државата Израел Симона Франкел и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски.

Бројни делегации, владини и државни претставници и претставници на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе оддадат почит на Могилата на депортираните македонски Евреи и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“.

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе се одржи и промоција на книгата „Спасувањето, прогонот и холокаустот во Царството Бугарија (1940-1944)” од Леа Коен, а промотор на книгата ќе биде Проф. д-р Тодор Чепреганов.

Комеморативната програма ќе заврши со комеморативна вечер и концерт на хорот „Моис Хасон“.

Општина Штип и Еврејската заедница вчера во рамки на комеморативната програма им одадоа почит на 535 Евреи од Штип, кои беа убиени во логорот на смртта „Треблинка“. По тој повод се оддржаа Поворка на живите, полагање на цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи во Штип и посета на еврејските гробиште. Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви истакна дека по 82 години од кобната ноќ меѓу 10 и 11 март се уште се силни спомените за 535 Евреи од Штип кои беа депортирани и убиени во „Треблинка“.

-Македонија со голем пиетет се потсеќа на депортираните 7.144 Евреи од Битола, Штип и Скопје. Вчера им одадовме почит на битолските Евреи, денеска им одаваме почит на 535 штипски Евреи депортирани во „Треблинка“, утре ќе им одадеме почит на заедничка комеморација на сите македонски Евреи во Скопје пред Тутунскиот комбинат и во Музејот на Холокаустот, изјави Леви.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека никогаш не треба да се заборави датумот, кога Евреите од Штип биле депортирани во логорот на смртта „Треблинка“.

-Го одбележуваме датумот којшто никогаш не треба да се заборави, но и да ни биде поука за во иднина да имаме повеќе толеранција, соживот и да градиме едно заедничко општество без разлика на етничка, верска или било која припадност за сите, вели Јорданов.

Комеморативната програма по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи започна во неделата во Битола со посета на Еврејските гробишта, по што следуваше комеморација во Советот на Општина Битола со обраќање на Градоначалникот Тони Коњановски. Потоа се оддаде почит пред Споменикот на жртвите на холокаустот „Камена менора“ и Споменикот на Естреја Овадија – Мара, завршувајќи со „Поворка на живите“ од Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел” до Железничката станица.

На 11 март 1943 година, 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип беа депортирани во центарот за убивање Треблинка, окупирана Полска, или 98 проценти од вкупното еврејско население од тоа време во Македонија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина
Следна Статија Вучиќ: Болшевички пленумци му нанесоа страшни повреди на полицаецот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Се подобрува состојбата на Иван кој се лекува во Полска, се надева на брзо враќање дома

Еден од пациентите кои се лекуваат во странство, а се повредени во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Иван…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: ВМРО нераздвојно и непоколебливо му припаѓа на македонскиот народ

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски се обрати Свечена академија по повод 23 Октомври–Ден на Македонската Револуционерна Борба „Завет кој обврзува”,…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе се сослушуваат сведоци на обвинителството

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?