Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски – Купка: Создаваме услови за зголемување на економската и трговска соработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски – Купка: Создаваме услови за зголемување на економската и трговска соработка
ЕКОНОМИЈА

Николоски – Купка: Создаваме услови за зголемување на економската и трговска соработка

Објавено March 11, 2025 16:49
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во рамки на работната посета на Чешката Република остварил средбa со Мартин Купка, министер за транспорт на која биле потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји, a се разговарало и за реализација на транспортните политики и можноста за соработка меѓу двете земји.

Вицепремиерот Николоски, како што соопшти Министерството за транспорт, истакнал дека како земја која се стреми за влез во ЕУ, фокусирани смe на развој на сите видови транспорт долж европската транспортна мрежа со што даваме придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.

Двајцата министри ги отвориле прашањата за соработка во делот на транспортот и инфраструктурата, потенцирајќи дека европските искуства и практики се значајни за реализација на капиталните проекти.

Вицепремиерот Николоски потенцирал дека земјава  има конкуретна позиција во регионот каде нуди исклучително добри услови за инвестирање и ги повикал чешките компании да ги истражат инвестициските можности.
 
Двајцата министри изразиле задоволство од дводневните работни средби и се согласиле на интензивирање на соработката посебно во делот на економијата и инвестициите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бишев: Потребно е да се намалат јавните расходи и да се зголеми фискалната дисциплина кај јавните институции
Следна Статија За пет лица се бара притвор, за останатите само мерки-Местеле тендери, купувале Мерцедеси и си префрлале пари во банка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Сè уште не се исплатени јунските плати на фирмите ќерки на „Паркови и зеленило“ – вработените повторно на протест

Вработените во друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“, денеска повторно излегоа на протест,…

August 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сопственикот на британски „Дејли меил“ го купува конкурентот „Телеграф“

Сопственикот на „Дејли меил“, (DMGT), во понеделникот изјави дека се согласил да го купи конкурентот „Телеграф“ за 500 милиони фунти…

November 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати

Синоќа во Солун беше остварена средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура, безбедност во сообраќајот е врвен приоритет

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?