Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми
МАКЕДОНИЈА

Владата ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми

Објавено March 11, 2025 17:30
Сподели
Сподели

 Владата на денешната 57. седница ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми со кои се очекува да се зајакне конкурентноста на медиумскиот простор и да се стават онлајн медиумите во законска рамка.  

Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70 проценти од јавноста се информира на интернет, со што онлајн медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување на саморегулацијата како битен сегмент за професионалното новинарско работење и зајакната конкурентност во медиумскиот простор, се наведува во владиното соопштение.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на покана на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (GFCE) е во дводневна посета на САД.

Минстерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вчера во телевизиско гостување соопшти дека овој закон како идеја потекнал од два аспекти.

Едниот е патоказот за владеење на правото и Поглавјето 23 кое утврдува дека мора да имаме поголема јасност и транспарентност во уредувањето на медиумите и препознавање заради гарантирање на конкурентност и гарантирање на квалитетот и професионализмот на медиумите, признавање и препознавање на онлајн медиумите. Вториот аспект е дека во разговори со Здружението на онлајн медиуми и останатите онлајн медиуми, тие истакнаа подготвеност да предложат и иницираат ваков тип измени што ќе значат нивно препознавање како медиум, работа што ја вршат долги години, а никогаш не беше препознаен нивниот ангажман како медиум, рече Андоновски во дебата во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски нагласи дека Агенцијата двапати дала забелешки коишто се внесени во Нацрт-измените.

Сега зборуваме за суштинските забелешки што ги дадовме. Сите се прифатени и претпоставувам дека во таа форма и ќе биде усвоен законот во Парламентот, рече Трајчевски.

Според извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Драган Секуловски, овие Нацрт-измени во голема мера ги исполнуваат нивните очекувања. ЗНМ, како што истакна Секуловски, има две забелешки на содржината на Нацрт-измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Првата забелешка, е во однос на минималниот услов да има три лица во редовен работен однос за да се влезе во регистарот на онлајн медиуми што ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услови. Според ЗНМ, со ова помалите онлајн медиуми ќе бидат доведени во подредена улога, особено оние што работат надвор од Скопје и имаат скромни примања за еден или двајца вработени. Предлогот на ЗНМ е да се направи исклучок, односно да се има разбирање за нив.

Предлог-измените треба да бидат испратени на усвојување во Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Притвор за Капушевски, Јахоски доби куќен притвор- судот определи мерки за 11 уапсени во истрагата за злоупотреби со набавки на мазут за ТЕЦ Неготино
Следна Статија Вучиќ: Во сабота можат само да ме убијат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков од Херцег Нови: Македонија е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Херцег Нови, имаше свое обраќање на состанокот на Советот на министри…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?