Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за Капушевски, Јахоски доби куќен притвор- судот определи мерки за 11 уапсени во истрагата за злоупотреби со набавки на мазут за ТЕЦ Неготино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за Капушевски, Јахоски доби куќен притвор- судот определи мерки за 11 уапсени во истрагата за злоупотреби со набавки на мазут за ТЕЦ Неготино
ХРОНИКА

Притвор за Капушевски, Јахоски доби куќен притвор- судот определи мерки за 11 уапсени во истрагата за злоупотреби со набавки на мазут за ТЕЦ Неготино

Објавено March 11, 2025 22:59
Сподели
Сподели

На Ратко Капушевски, Адриан Муча и Ерџан Сулкоски им е определен притвор, соопшти кривичниот суд во Скопје. Притворот е определен поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

За Асмир Јахоски (сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски) е определен куќен притвор откако обвинителот го преиначил барањето и се откажал од најстрога мерка за обезбедување на присуство.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во попладневните часови, донесе решенија со кои:

По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци. Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка.

За останатите 7 осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украинка осудена за продажба на 56 бубрега
Следна Статија Владата ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Над 10 уапсени во големата акција на ОЈО ГОКК, меѓу приведените и вработени во УЈП

Попладневната полициска операција која се спроведува низ целата држава почна да ги вади на површина првите детали. Според неофицијални информации…

January 15, 2026
ХРОНИКА

Кривична пријава за царински службеник и лице кое прикривало стока вреднa 5000 евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.А.(33) од Општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање…

December 26, 2024
ХРОНИКА

Немам веќе ни сила, ни здравје: Повторно одложен судскиот процес за Јилдз Веапоска

Во Основниот суд во Струга денеска повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето…

September 9, 2025
ХРОНИКА

22-годишник од Битолско се пријавил во полиција дека прегазил малолетник

Во врска со настанот – сообраќајна несреќа во Битола – од 18.01.2025 година, во која што на улицата „Илинденска“ во…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?