Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи
СВЕТ

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Објавено March 12, 2025 08:33
Сподели
VIRGINIA BEACH, VA - SEPTEMBER 06: Republican presidential nominee Donald Trump pauses during a campaign event September 6, 2016 in Virginia Beach, Virginia. Trump participated in a discussion with retired Army Lieutenant General Michael Flynn. Alex Wong/Getty Images/AFP (Photo by ALEX WONG / GETTY IMAGES NORTH AMERICA / Getty Images via AFP)
Сподели

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи се на три дипломатски извори запознаени со плановите на Брисел. Царините на американскиот претседател, за потсетување, стапија на сила утрово.

ЕУ веќе има подготвен пакет контрамерки, кој датира од првиот мандат на Трамп, а вклучува царини за познатите американски производи како мотоциклите Харли-Дејвидсон, бурбонот и фармерките. Овие мерки треба автоматски да стапат во сила на крајот на месецот. Сепак, како што наведуваат изворите на Политико, ЕУ најверојатно ќе оди чекор понатаму.

Како заеднички пазар од 450 милиони луѓе, ЕУ сака да испрати јасна порака дека е подготвена да ги брани своите економски интереси доколку Трамп ја засили трговската војна, наведува Политико.

Трансатлантската трговија, вредна 1,7 трилиони долари, беше клучна за просперитетот на Западот по Втората светска војна. Но, како што пишува Политико, Трамп, незадоволен од трговскиот дефицит на САД, гледа на тарифите како начин да ја принуди индустријата и работните места да се вратат во Америка.

Иако царините најмногу ќе ги погодат Канада и Мексико, ЕУ е трет по големина снабдувач на челик во САД и нема да биде поштедена. Брисел е загрижен и за можните „одмазднички“ царини кои би можеле да ги погодат европските автомобили, фармацевтската индустрија и прехранбениот сектор.

Царините стапија на сила на полноќ според Вашингтон. Дипломатите ќе разговараат за можниот одговор на утринската средба.

ЕУ со недели гласно сигнализира дека е подготвена да одговори на „неоправданите царини“. Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ завчера изјави дека Унијата е подготвена „да ги заштити своите компании, работници и потрошувачи“.

„Не можеме повеќе да се потпираме на САД – тоа е новата реалност. Затоа мораме силно да возвратиме, тоа е единствениот лек“, изјави еден европски дипломат за Политико.

Шефчовиќ минатиот месец го посети Вашингтон во обид да отвори дијалог и да избегне трговски конфликт, но заклучи дека администрацијата на Трамп не е заинтересирана. „На крајот на краиштата, едната рака не може да плеска“, рече тој.

Како што пренесува Политико, овој пат ЕУ подготвува посилен одговор отколку на царините на Трамп од 2018 година.

„Одмаздничките мерки на ЕУ се очекува да бидат посилни од претходните“, изјави друг дипломат за Политико, но додаде дека Европската комисија внимателно ги чува деталите за царините и временската рамка за нивно спроведување.

Одмаздата на ЕУ нема да биде веднаш. Пакетот од 2018 година автоматски ќе стапи на сила на 31 март, освен ако Брисел не одлучи да го продолжи неговото замрзнување. Новите или проширените царини ќе мора да бидат подложени на дополнително одобрување од национални експерти пред да стапат на сила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По повеќе од 50 години: Почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“
Следна Статија (Видео) ПСЖ на пенали го исфрли Ливерпул од Лигата на шампионите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Белата куќа ја поддржува теоријата дека ковид-19 потекнува од лабораторија

Белата куќа на својата официјална веб-страница објави поддршка за теоријата дека коронавирусната болес ковид-19 потекнува од лабораторија. На страницата, која…

April 19, 2025
СВЕТ

Син на милионер и славна манекенка е осуден на доживотен затвор- си го убил најдобриот пријател

Дилан Томас (24), наследникот на едно од најбогатите семејства во Велс, кој го уби својот најдобар пријател на Божиќ 2023…

January 24, 2025
СВЕТ

Нов хаос во Шпанија, бројни возови и линии блокирани по кражба на кабли: Ова е сериозна саботажа

Железничкиот сообраќај во Шпанија влезе втор ден на хаос откако беа украдени кабли на линијата помеѓу Мадрид и Севиља, што…

May 5, 2025
СВЕТ

Убава водителка му ја одзема пушката на војник- сцената од Сеул го обиколи светот (ВИДЕО)

Ан Гви-рјонг, портпаролка на главната опозициска Демократска партија и поранешна водителка на телевизијата ИТН, се бореше со вооружен војник за…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?