Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан

Објавено March 12, 2025 17:26
Сподели
Сподели

Се финализира декларацијата за стратешко партнерство и соработка со Азербејџан, а покрај во енергетиката има многу можности за соработка и во економијата, туризмот, образованието, културата, науката, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на Азербејџан.

Сиљановска Давкова, по средбите во изминатите два дена со азербејџанскиот државен врв, информираше дека двете страни се усогласени дека нема никаква пречка за декларацијата што треба да премине во договор за соработка, којшто, нагласи, ќе ни значи многу, јави известувачот на МИА од Баку.

– Речиси е усогласено, меѓутоа морам да кажам дека имавме недостиг на време, во петокот стигна одговорот од кај нив, сепак е тоа документ кој бара добро да се разгледа, но се усогласивме дека нема никава пречка. Многу ќе ни значи еден таков договор, како што имаат нашите соседи, но не само нашите соседи туку и многу држави од ЕУ, а во блиската околина и Италија. Зошто и ние да не им се придружиме и да можеме кон зелената агенда да пристапиме преку овој процес на транзиција со гас со помош на Азербејџан, изјави Сиљановска Давкова.

Таа денеска се сретна со претседателката на Националното Собрание на Азербејџан Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов, а активностите ги почна вчера со средба со домаќинот Илхан Алијев.

Како што оцени, односот е пријателски, а очекувањата се големи.

– Човек се чуди кога ќе чуе дека во целиот регион веќе има договори за стратешка соработка во транзицијата кон обновливи извори, нашите соседи поитале, ама еве ние задоцнивме во ова. Добро е што дојдовме овде, мислиме дека имаме големо поле за соработка во економијата, туризмот, образованието, културата, науката, изјави претседателката.

На средбата со претседателката на Националното Собрание беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, вклучувајќи ја соработката на парламентарно ниво. Посочувајќи на нејзиниот претходен ангажман како пратеничка во Собранието, Сиљановска-Давкова ја истакна важноста за натамошно зајакнување на меѓупарламентарната соработка, којашто се одвива преку Пратеничката група на Собранието за соработка со Националното Собрание на Азербејџан.

Соговорничките разменија мислења и информации за работата на двата парламента, како и за застапеноста на жените пратенички во нив. Претседателката истакна дека официјалната посета на Азербејџан, што се реализира на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе придонесе за унапредување на соработката. Посочи на потенцијалот за зголемување на економската соработка, на трговската размена, реализација на инфраструктурни проекти, како и на посветеноста од македонска страна за диверзификација на изворите на енергија. Посочи и на инвестициските можности што државата ги нуди, со својата географска локација, квалификуваната работна сила и широката мрежа на договори за слободна трговија.

Претседателката изрази очекување и за реализација на конкретни иницијативи во повеќе сфери, како што се: социјална заштита, образование и наука, животна средина, туризам, сообраќај.

Гафарова, препознавајќи ги заложбите на претседателката Сиљановска-Давкова за културна дипломатија, истакна дека реализацијата на официјалната посета и можноста за проширување на контактите ќе придонесат за интензивирање на севкупната соработка меѓу двете држави. Таа изрази очекување за скорешна посета на претседателот на македонското Собрание на Азербејџан.

На средбата со премиерот Асадов, пак, претседателката оцени дека односите со Азербејџан се на одлично ниво, ослободени од какви било нерешени политички прашања и изрази уверување за нивно дополнително зајакнување со реализацијата на официјалната посета.

Асадов, оценувајќи ја посетата како успешна, посочи дека програмата и реализираните средби за време на посетата се добар знак за натамошен развој на билатералните односи меѓу двете држави и изрази подготвеност од негова страна на нивно унапредување.

На двете средби, претседателката Сиљановска-Давкова беше запознаена со состојбите во кавкаскиот регион и позициите на Азербејџан по овие прашања. Беше разговарано и за состојбите во контекст на војната во Украина.

Со средбите со претседателката на Националното Собрание, Гафарова и премиерот Асадов заврши официјалниот дел од посетата на претседателката Сиљановска-Давкова на Азербејџан.

Претседателката утре во Баку ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ ќе се одржи од 13 до 15 март.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
Следна Статија Wolt Македонија предупредува на лажни мејлови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

Нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министри, информираат од Владата за МИА по синоќешната изјава на…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана

Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува, како што и доликува!

Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува. Како…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Светот ја испраќа старата година, новата 2025 прв ќе ја пречека Кирибати, а последен Бејкеровиот Остров

Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера…

December 31, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?