Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германско разузнавање: Короната потекнува од лабораторија во Вухан, информацијата за заташкале и Меркел и Шолц!?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германско разузнавање: Короната потекнува од лабораторија во Вухан, информацијата за заташкале и Меркел и Шолц!?
СВЕТ

Германско разузнавање: Короната потекнува од лабораторија во Вухан, информацијата за заташкале и Меркел и Шолц!?

Објавено March 12, 2025 18:24
Сподели
Сподели

Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред пет години и го блокираше животот во многу земји, потекнува од лабораторија во Вухан, Кина. Ова го пишува германската разузнавачка служба (БНД), а објавија германските и швајцарските медиуми

„БНД поседува јасни докази дека вирусот Сарс-КоВ-2 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан“, објавија медиумите.

Според овие тврдења, германската разузнавачка служба во 2020 година имала докази дека коронавирусот се проширил низ градот, а подоцна и низ целиот свет поради „лабораториска несреќа“.

Овој заклучок е донесен по анализата на податоците кои стигнале до германските власти како дел од разузнавачката операција со кодно име „Саремаа“.

Резултатите од истражувањето на БНД ги знаела и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, која според пишувањата на медиумите, меѓу кои и неделникот Ди Цајт, го спречила објавувањето на овие податоци. Нејзиниот наследник Олаф Шолц го направи истото.

Портпаролката на германската влада во средата одби да ги коментира медиумските извештаи, велејќи дека владата јавно не ја коментира работата на тајните служби.

Податоците со кои располага БНД, како што јави швајцарскиот Ноје Цуерихер Цајтунг (НЗЗ), кабинетот на германската канцеларка им ги дал на вештачење на група научници.

Иако официјалните резултати од вештачењето не се објавени, научниците наводно се уште се поделени околу теоријата за потеклото на вирусот.

Експертите велат дека недостасува „конечниот доказ“ дека вирусот потекнува од лабораторија. Добар дел од нив веруваат дека вирусот се пренесувал од животни на луѓе на фарми.

„Кинеските научници имаат механизми да обезбедат докази дека вирусот навистина потекнува од природно потекло, но досега немаат објавено ниту една студија што би го докажувала тоа“, рече еден од најпознатите германски виролози, Кристијан Дростен, коментирајќи ги најновите медиумски извештаи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пораз кој не мора да боли: Словенија ја стиша Фалангата во „Борис Трајковски“
Следна Статија Фолксваген е подготвен и за производство на воена опрема

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Канадскиот одговор за царините на САД: Онтарио веднаш ја зголеми цената на електричната енергија за 25%, премиерот Даг Форд се закани и со исклучување

Канадската пoкраина Онтарио во понеделникот објави дека на американските домаќинства ќе им наплати 25 отсто повеќе за електрична енергија, што…

March 11, 2025
СВЕТ

Кралот Чарлс и премиерот Стармер по приведувањето на поранешниот принц Ендру: Никој не е над законот

По веста дека денеска е приведен поранешниот британски принц Ендру, се огласија премиерот Кир Стармер и неговиот брат, кралот Черлс…

February 19, 2026
СВЕТ

Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не ја исклучувам можноста за воена сила

Американскиот претседател, Доналд Трамп, одби да ја исклучи можноста за воена сила во неговата кампања за преземање на Гренланд, велејќи…

March 30, 2025
СВЕТ

Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

Повеќе од 290 лица се уапсени во Париз за време на прославата на историската победа на фудбалскиот клуб Пари Сен…

June 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?