Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МКД.Мк: Капушевски во 2019-та увезувал отровен мазут од Хрватска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МКД.Мк: Капушевски во 2019-та увезувал отровен мазут од Хрватска
МАКЕДОНИЈА

МКД.Мк: Капушевски во 2019-та увезувал отровен мазут од Хрватска

Објавено March 13, 2025 08:52
Сподели
Сподели

Компанија РКМ на Ратко Капушевски  во повеќе наврати увезла цистерни на смеса на мазут со употребено масло од трансформатори од Хрватска, кое претставува опасен отпад, објави порталот МКД.МК на 20 декември 2019 година .

МКД.Мк потсетува дека за редакцијата тогаш тоа го потврдиле хрватските власти, но не и македонската царина која одговорила дека „нема основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето“.

Хрватските власти за МКД.Мк информирале дека „се работи за превоз на опасен отпад. Затоа покренавме постапка поврзана со враќање на испраќачот, покренување на постапка, даден е и налог за прекршочна постапка во согласност со царинското законодавство“.

Наспроти предупредувањата на хрватските власти кога цистерните дошле до македонската граница со такво предупредување, македонската царина го утврдила токму спротивното.

„Во врска со Вашето прашање, информираме дека е направено истражување како од наша страна, така и од страна на хрватските надлежни институции и по направената хемиска анализа утврдено е дека нема неправилности во документацијата ниту во декларираната стока и таа е ослободена. Хрватските надлежни институции направиле анализа во однос на штетноста на стоката и согласно со резултатите добиени по направените анализи немаме основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето. Од наша страна известен е Државниот пазарен инспекторат, кој дополнително ќе преземе мерки за контролирање на исправноста на стоката по нивна надлежност“, одговори тогаш од Царинската управа на Македонија за МКД.Мк.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Земјотрес го погоди Неапол среде ноќ: oштетени автомобили, повредено лице извлечено од урнатините
Следна Статија За да ги “скријат” парите од матните мазутни зделки за ТЕЦ Неготино, префрлале и ваделе кеш преку фиктивни договори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонците се најголеми пушачи на цигари на Балканот и во топ 10 во светот: Посиромашните би избрале цигара наместо оброк

Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и во топ 10 во светот. Дури 46% од возрасните се…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ФOTO) Се огласи сестрата на Тоше, бела торта со ангелски крилја

Во чест на 44 - роденденот на својот трагично загинат брат, Тоше Проески денеска се огласи неговата сестра Дора Бела…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Катастар со нов портал „е- услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните

На денешната прес-конференција, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, го претстави новиот портал „е-услуги“, кој овозможува брз…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Влада: Ги осудуваме неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известување за трагичниот настан во Кочани

Владата ја изразува својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?