Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За да ги “скријат” парите од матните мазутни зделки за ТЕЦ Неготино, префрлале и ваделе кеш преку фиктивни договори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За да ги “скријат” парите од матните мазутни зделки за ТЕЦ Неготино, префрлале и ваделе кеш преку фиктивни договори
МАКЕДОНИЈА

За да ги “скријат” парите од матните мазутни зделки за ТЕЦ Неготино, префрлале и ваделе кеш преку фиктивни договори

Објавено March 13, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Капушевски ја добил зделката за мазутот иако се знаело дека фирмата не ги исполнува условите за да увезе за 2 години мазут во вредност од над 167 милиони евра. Имало фиктивен договор меѓу двете фирми за извлекување на пари, а во два наврати како позајмица, сопственик на својата фирма си префрлил 1,2 милиони евра (720.000.000 денари) за што обвинителството смета дека постојат сомнежи за перење пари, пренесува ТВ Телма.

По повеќемесечна предистражна постапка во предмет што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше оформен по иницијатива на ДКСК, а по кој по наредби на обвинителството постапуваше Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во текот беше спроведена акција. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево се лишени од слобода 11 лица, соопштија од ОЈОГОК


Во периодот на 2021 – 2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги прописите за постапката за јавен повик за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино поднеле невистинита документација. Со намера да го изиграат договорот не ги извршиле обврските и ги повредиле правилата остварувајќи корист од големи размери за кривично одговорното правно лице а на штета на државниот буџет во вкупен износ од 10.304.324.094 денари или околу 167.549.985 евра.

Во намерата со умисла им помогнале осомничените вработени во АД Електрани Македонија – Скопје, кои се наоѓале на високи позиции од генерален директор и директори на сектори до претседатели и членови на комисии поврзани со јавни набавки, спроведувајќи постапки за јавна набавка на мазут спротивно на Упатството за начинот на спроведување на јавните набавки во АД ЕСМ. Со непочитување на начелата на сразмерност, конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, иако знаеле дека правното лице не ги исполнува бараните критериуми за носител на јавната набавка, помогнале да се склучат Договори за јавна набавка во корист на истото и му овозможиле да испорачува мазут се до 24.02.2023 година.

Паричните средства кои осомничените ги прибавиле со кривичното дело, а кои претставуваат противправно остварена имотна корист од спроведена постапка по јавен повик на АД Електрани Македонија – Скопје, во периодот од месец декември 2021 година до месец април 2023 година ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото. Со дел од средствата купиле две моторни возила„Mercedes Benz“, дел ги трансферирале на своите сметки во разни банки, а потоа ги подигале во готовина. Воедно, врз основа на договор за посредување и Анекс кон договорот, склучен помеѓу осомниченото правно лице и осомничен сопственик на правно лице со иста дејност, во два наврати биле префрлени средства во вкупен износ од 72.000.000,00 денари за наводно извршени работи согласно договорот кој претставувал само привидно средство за вршење на предметните трансакции. Осомничениот така примените парични средства, свесен за нивното потекло со цел да ја прикрие нивната локација ги трансферирал по основ на ,,позајмица’’ кон своето правно лице.


Извор: https://telma.com.mk/2025/03/11/za-da-gi-skrijat-parite-od-matnite-mazutni-zdelki-za-tecz-negotino-prefrlale-i-vadele-kesh-izvrshena-i-pozajmicza-sam-na-sebe-na-12-milioni-evra-obvinitelstvoto-so-detali-za-istragata-za-r/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МКД.Мк: Капушевски во 2019-та увезувал отровен мазут од Хрватска
Следна Статија Симеоне: Кој виде дека Алварез двапати ја удри топката, нека крене рака! (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Влада на Обединетото Кралство со соопштение за одлуката за стратешко партнерство со Македонија

Прес-службата на Владата на Обединетото Кралство обавува дека премиерот Кир Стармер, се сретна со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски на…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инспекторатот за употреба на јазиците оди под надлежност на Министерството за правда, да се реши проблемот со платите

Денеска заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити реализиравме средба…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Косовски почесен конзул му помогнал на Груби да помине на Блаце

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар

Во текот на вчерашниот ден, по барање на Градоначалникот Горан Герасимовски се одржа итен состанок на Штабот за заштита и…

March 22, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?