Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски
ХРОНИКА

ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

Објавено March 13, 2025 11:44
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го обжали решението за куќен притвор за Асмир Јахоски во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничен му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа, соопшти денеска ОЈО ГОКК.

Незадоволно од ваквата одлука, како што се наведува во соопштението, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение.

По повеќемесечна предистражна постапка во предмет што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е оформено по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, во текот на вчерашниот ден и денес беше спроведена акција на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево во која се приведени 11 лица, едно лице е во бегство, а едно во притвор, соопшти пред неколку дена Обвинителството.

Оттаму појаснуваат дека јавниот обвинител постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР донел наредба за спроведување на истражна постапка против 13 физички и едно правно лице.

Во периодот од 2021 до 2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги прописите за постапката за јавен повик за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино поднеле невистинита документација. Со намера да го изиграат договорот не ги извршиле обврските и ги повредиле правилата остварувајќи корист од големи размери за кривично одговорното правно лице а на штета на државниот буџет во вкупен износ од 10.304.324.094 денари или околу 167.549.985 евра, велат од Обвинителството.

Во намерата со умисла им помогнале вработени во АД Електрани на Македонија – Скопје, кои се наоѓале на високи позиции од генерален директор и директори на сектори до претседатели и членови на комисии поврзани со јавни набавки, спроведувајќи постапки за јавна набавка на мазут спротивно на Упатството за начинот на спроведување на јавните набавки во АД ЕСМ со што им помогнале да се склучат договори за јавна набавка и испорака на мазут до 24.02.2023 година.

Паричните средства кои осомничените ги прибавиле со кривичното дело, а кои претставуваат противправно остварена имотна корист од спроведена постапка по јавен повик на АД Електрани Македонија – Скопје, во периодот од месец декември 2021 година до месец април 2023 година ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото. Со дел од средствата купиле две моторни возила„Mercedes Benz“, дел ги трансферирале на своите сметки во разни банки, а потоа ги подигале во готовина. Воедно, врз основа на договор за посредување и Анекс кон договорот, склучен помеѓу осомниченото правно лице и осомничен сопственик на правно лице со иста дејност, во два наврати биле префрлени средства во вкупен износ од 72.000.000,00 денари за наводно извршени работи согласно договорот кој претставувал само привидно средство за вршење на предметните трансакции. Осомничениот така примените парични средства, свесен за нивното потекло со цел да ја прикрие нивната локација ги трансферирал по основ на ,,позајмица’’ кон своето правно лице, појаснуваат од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Писмо до Рубио: Конгресмени и сенатори бараат пресметка со Додик
Следна Статија Специјална антитерористичка единица „ТИГАР“ – 44 години чувар на безбедноста и заштита на татковината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Раде Штекли објави најнова фотографија

Раде Трајковски-Штекли објави нова фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“. Ова доаѓа откако утрово беше фрлена бомба во дворот на неговата…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Палчо: Не го познавав Панче Жежовски, доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, каде што сведочи обвинетиот Љупчо Палевски.…

April 23, 2025
ХРОНИКА

Афера „Крмзов“: За околу 90 милиони евра штета инволвирани 23 физички и 15 правни лица

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Крмзов“ води постапка против 23 физички…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се…

February 22, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?