Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за односите со Бугарија: Наша задача е да работиме, дали ќе има договор – за танго се потребни двајца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за односите со Бугарија: Наша задача е да работиме, дали ќе има договор – за танго се потребни двајца
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за односите со Бугарија: Наша задача е да работиме, дали ќе има договор – за танго се потребни двајца

Објавено March 14, 2025 14:22
Сподели
Сподели

За танго се потребни двајца, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања поврзани со односите со Бугарија и одлуката на тамошната Влада да се прекине со железничкото поврзување поврзувањето со Македонија.

Мицкоски посочи дека треба да се почека, бидејќи се уште не се знае дали ќе има договор или нема да има.

Наша задача е да работиме. Сега дали ќе има договор – за танго се потребни двајца. Треба да видиме и од другата страна како функционираат, рече премиерот.

За Коридорот 8 и за однесувањето на бугарската страна, тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ одамна го комуницирало тоа со јавноста и дека сега дури и заклучоците на новинарите и медиумите се дека попусто ќе се трошат парите.

-Дури и вашите заклучоци се во тој стил дека за џабе е да ги трошиме парите, ама ние кога го зборевме тоа „ама види ги овие вмровциве што прават“. Е сега што правиме, праша Мицкоски.

На прашањето што ќе правиме со парите наменети за железницата, тој рече дека треба да се почека и оти не треба да се брза.

-Знаеме точно што правиме, нема да направиме ниту милиметар спротивен од интересот на граѓаните и државата, тоа да бидете сигурни, уверува Мицкоски, кој беше на настан во Ѓорче Петров.

Министерот за транспорт Александар Николоски претходно ги објасни постапките на македонската Влада по вчерашната одлука на бугарската Влада во врска со железничкото поврзување и Коридорот 8.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цената на златото надмина 3.000 долари
Следна Статија СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пратеничката Салиу-Фетаи поради кршење на Деловникот и правата на пратениците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја сподели пресудата: Апелациониот суд утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во објава на Фејсбук, информираше дека Апелациониот суд со правосилна пресуда утврдил дека, како што вели,…

December 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Калајџиев: Никој во државата веќе не го брани Коцевски

Се погласни се критиките и оправдувањата за смена на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, иницијатива која што владата веќе ја…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија го слави 8 Септември- Денот на независноста

Денес Македонија одбележува 34 години од својата незавинсност - државен празник кој се празнува во Македонија на 8 септември. Празникот популарно е…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат

Кујната во Студентскиот дом „Тетово“ не функционира, затоа што „заборавиле“ да направат вентилација, па набавената опрема не е ставена во…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?