Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пратеничката Салиу-Фетаи поради кршење на Деловникот и правата на пратениците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пратеничката Салиу-Фетаи поради кршење на Деловникот и правата на пратениците
ПОЛИТИКА

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пратеничката Салиу-Фетаи поради кршење на Деловникот и правата на пратениците

Објавено March 14, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на прес-конференција најави дека СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од Вреди за како што кажаа, грубо кршење на Деловникот околку денешното претседавање со собраниската Комисија за социјална политика, млади и демографија. И денеска како и завчера работата на оваа Комисија остана блокирана, иако претседателот на Собранието Африм Гаши за претседавач ја назначи Салиу-Фетаи откако во понеделникот пратеникот Бејџан Иљас одби да ја извршува оваа функција.

Ние најавуваме дека ќе преземеме конкретни правни мерки, односно ќе поднесеме кривична пријва против претседавачот со Комисијата, Имрлије Фетаи-Салиу заради грубо кршење на Деловникот и грубо кршење на правата на пратениците. А, воедно ќе поднесеме и иницијатива до Уставниот суд со којашто ќе бараме да се утврди прекршувањето на правото на пратениците на коишто им беше оневозможено согласно Деловникот да постават и да предложат измена и дополнување на дневниот ред“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека од страна на претседавачот на Комисијата, Фетаи грубо беше прекршен Деловникот на Собранието, поточно членот 131, со што таа директно го прекршила Деловникот на Собранието, со тоа што, како што рече, не дозволи воопшто да се отвори расправа за предлог дневниот ред, ниту можност за изменување и дополнување на дневниот ред со образоложение дека претседателот на Собранието, Африм Гаши го утврдил дневниот ред и немало потреба да се утврдува дневен ред од страна на членовите на Комисијата.

„Членот 131 од Деловникот говори дека „дневниот ред на седницата на работното тело се утврдува на почетокот на седницата“. Ставот два вели „во дневниот ред може да се внесат и прашања што ги предложиле пратениците, претседателот на Собранието, и Владата“. Ова покажува дека парламентарното мнозинство предводено од ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ сакаат целосно да го стават под контрола Законодавниот дом. Притоа правата на пратениците да ги загрозат, да не се остави можноста на опозицијата воопшто да даде било каков предлог и секое едно одржување на седницата да биде само по прашање коешто сака да ги постави парламентарното мнозинство“, рече тој.

Според Спасовски, ова е невиден атак на демократијата и рушење на демократичноста и демократијата во Законодавниот дом, таму каде што, како што рече, демократијата треба да биде најразвиена, затоа што Собранието по правило е храм на демократијата. 

И денеска како и завчера работата на оваа Комисија остана блокирана, иако претседателот на Собранието Африм Гаши за претседавач ја назначи пратеничката од владејачката коалиција Вреди Имрлије Салиу-Фетаи откако во понеделникот пратеникот Бејџан Иљас одби да ја извршува оваа функција.

Фетаи на почетокот побара од членовите на Комисијата да се изјаснат за дневниот ред, нагласувајќи дека таа според член 126 став 3 е назначена да претседава со оваа Комисија само една точка од дневниот ред, односно за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. На ова реагираа пратениците на СДСМ кои побараа да им се даде можност за процедурална забелешка.

Пратеничката на СДСМ Јованка Тренчевска побара процедурално за да го искаже предлогот за дополнување на дневниот ред, односно да биде ставен Законот за правата на бранителите.

Според пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во ниту еден член од Деловникот не стои дека Фетаи е назначена само за една точка од дневниот ред, туку, како што рече, за свикување на седница.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски објаснувајќи ја процедурата нагласи дека претседателот на Собранието ја задолжил пратеничката Салиу-Фетаи да ја води седницата на Комисијата со утврден дневен ред.

„Ако сака веќе некој да дава дополнување на дневен ред, тогаш оваа Комисија треба да добие претседател. Делегирајте некој што треба да биде претседател на оваа Комисија, ќе го гласаме сите 120 пратеници и потоа целосно да го имплементира Деловникот. Никој нема ништо спорно против нечие право да предлага точки на дневен ред“, рече Стојаноски.

Спасовски и Тренчевска повторно побараа да им се даде можност за процедурална забелешка, но Салиу-Фетаи во тензична атмосфера побара од членовите на Комисијата да се изјаснат за дневниот ред и со 8 гласа „за“ беше изгласан дневниот ред.

Пратеникот на Вреди, Ријад Шаќири, обраќајќи им се на пратениците на СДСМ рече дека тие прават циркуз и дека Законот за бранители нема да може да помине доколку не биде регулиран со закон и статусот на поранешните припадници на ОНА.

Спасовски побара пауза од час и половина. По оваа дадена пауза, останува да се види дали и како ќе продолжи седницата на оваа Комисија.

Проблемот во Комисијата за социјална политика почна во ноември минатата година откако пратеничката од Алијансата за Албанците, Илире Даути одби да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители доколку не се стави законско решение и за припадниците на УЧК. Собранието на пленарна седница на 10 јануари со поддршка од 61 пратеник и 22 против изгласа интерпелација на претседателката на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади Илире Даути.

Интерпелацијата за Даути во ноември ја поднесе пратеничката група на Левица поради тоа што Даути, како што беше посочено на пленарната седница, со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители поднесен од опозициската СДСМ со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава. Една недела подоцна Даути поднесе оставка од претседателската позиција во Комисија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за односите со Бугарија: Наша задача е да работиме, дали ќе има договор – за танго се потребни двајца
Следна Статија Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Апасиев излажа и дека власта го затворила Универзитетското радио

Aлександар Ристоски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) реагира на објавата на Димитар Апасиев дека власта го затворила Универзитетското радио…

February 5, 2025
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

Томовски: Ќе биде зголемен бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои

Директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, гостуваше во ,,Само интервју“…

May 8, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?